Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика
Економија

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

19/03/2024

AA

Домашното
производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија поттикнато
од зголемените трошоци за енергија во последните години има значителен пораст.

Сепак, наспроти позитивните
трендови на зголемено учество на обновливите извори на енергија во вкупното
производство, кај хидроцентралите имаме обратни тенденции, поточно
произвдството на енергија од хидроцентралите бележи континуиран пад во
последните години. Ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за
статистика кои се објавени во нивната публикација „Животна средина“.

Сумираните
податоци велат дека од 2016 година до 2022 година производството на
хидроенергија се намалило од 1.897 гигаватчаса (GWh) на 1.345 гигаватчаса (GWh).
Иако анализата низ годините кои ги објави ДЗС покажува дека од година во година
има зголемување и намалување на енергијата добиена од хидроцентралите, сепак,
ниту една година не го достигнала производството како во 2016 година.

Уште една успешна
година за хидроцентралите била 2018 година кога била произведена 1.791
гигаватчаса електрична енергија. Вообичаено производството од хидроцентралите најмногу
зависи од врнежите, па домашното производство од хидроцентралите секако е одраз
на временските промени и намалените врнежи со снег изминативе години.

Од друга страна
бројките говорат дека производството на енергија од сонце од година во година
постојано расте. Па така во 2016 година имало 24 гигаватчаса енергија добиена
од соларните централи. Иако овој тип на енергија неколку години бил во
стагнација, односно се добивале исти количини енергија, 2021 година настанува
голема промена, кога производството е дуплирано, а истото се случило и 2022
година. Имено во 2021 година добиени се 51 гигаватчаса енергија, додека веќе во
2022 година производството повторно се дуплирало и достигнало 92 часа енергија
од сонцето.

Ова воопшто не
изненадува, со оглед на пандемијата и драстичниот скок на цените на
електричната енергија како последица на многубројните кризи, што поттикна
бројни инвестиции во сончеви панели, па производството на енергија од сонце
значително се зголеми.

Но, бројките на статистика
покажуваат дека има раст и кај биогасната електрична енергија, чие производство
пораснало од 36 гигватчаса во 2016 на 51 гигаватчаса во 2022 година. Овој тип
на обновлива енергија имал и подобри перформанси, а најголеми количини били
добиени во 2020 година кога произвдоството достигнало 57 гигаватчаса енеригја.

Дека интересот за
добивање на енергија од обновливи извори не се намали ниту минатата година на
почетокот на годината кажа и првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика,
Марко Бислимоски, кој посочи дека во текот на 2023 година биле издадени лиценци
за производство на енергија со вкупна инсталирана моќност од скоро 399
мегавати, при што имало раст поголем од 160 проценти на инсталиран капацитет во
споредба со 2022 година.

– 
Фасцинантен раст на нов инсталиран капацитет за производство на електрична
енергија регистрираме за само за една година. Сумираните податоци од РКЕ
укажуваат дека енергетската транзиција во 2023 година се случува секојдневно,
или секој работен ден имаме нови 1,5 MW вклучени на електро енергетскиот систем
во нашата држава. Со ова темпо на нови капацитети на  производство на
електрична енергија од обновливи извори, енергетската независност е значајно
зајакната, односно увозот на струја е намален за една третина – посочи претседателот
на РКЕ и укажа дека новите енергетски капацитети со вкупен инсталиран капацитет
од 551,2 MWшто се во функција за само две години
може да снабдуваат 175,5 илјади домаќинства.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy