Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ОГЛАСИ ТРУДО: Канада ќе воведе тарифи од 25 отсто на американски стоки
Економија

СЕ ОГЛАСИ ТРУДО: Канада ќе воведе тарифи од 25 отсто на американски стоки

02/02/2025

AA

Не само Мексико, туку и Канада најави контрамерки откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за стоките од овие земји. Дел од мерките стапуваат на сила во вторник, а другите за 21 ден. 

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека државата ќе воведе тарифи од 25 отсто на американски стоки увезени во Канада во вредност од 155 милијарди канадски долари (102,7 милијарди евра), како одговор на тарифите од 25 отсто, што ги наметна САД. 

Премиерот на Канада предупреди дека новите царини ќе им наштетат на САД и ги повика Канаѓаните да купуваат канадски производи и да го поминат својот одмор во нивната земја, а не во САД, објави Танјуг.

Претседателот Доналд Трамп во саботата потпиша извршна наредба за воведување царини од 25 отсто за сите стоки од Канада и Мексико почнувајќи од вторник, освен за енергетските производи од Канада, кои ќе подлежат на царина од 10 отсто. Царини има и за Кина. 

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум синоќа нареди контратарифи како одговор на одлуката на САД да воведат царини од 25 отсто за сите стоки што доаѓаат од Мексико. Шејнбаум објасни дека Мексико е принудено да одговори на ист начин.

Откако ја презеде функцијата претседател на САД, Трамп предизвика контроверзии со идејата Канада да се спои со САД како и Гренланд, но и идејата за враќањето на Панамскиот канал предизвика гнев во Панама. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и во Македонија

02/09/2026

Компанијата „Старлинк“ најави проширување на својата мобилна услуга во Европа во соработка со телекомуникациската групација „4иГ Груп“, а во плановите

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy