Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се огласи градоначалникот на Истанбул кој е во притвор: Мојот адвокат е приведен, барам да биде ослободен!
Македонија

Се огласи градоначалникот на Истанбул кој е во притвор: Мојот адвокат е приведен, барам да биде ослободен!

28/03/2025

AA

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е притворен, денеска изјави дека неговиот адвокат е уапсен и побара итно да биде ослободен. Новинарските здруженија, пак, соопштија дека уште две новинарки се уапсени поради известување за протестите.

„Овој пат, мојот адвокат Мехмет Пехливан е уапсен, а причините за неговото апсење се измислени,“ напиша на мрежата X опозицискиот градоначалник на Истанбул, кој беше сменет од функцијата и притворен во неделата.

Утринава уапсени се и две новинарки кои известувале за демонстрациите што ја потресуваат Турција од апсењето на Имамоглу на 19 март. Турскиот синдикат на новинари (TGS) соопшти дека тие биле приведени во зори.

Десет новинари, кои беа уапсени и затворени претходно оваа недела, беа пуштени на слобода вчера, меѓу нив и фотограф на агенцијата Франс прес.

Властите, соочени со бран на протести без преседан од 2013 година, вчера соопштија дека од 19 март уапсиле вкупно 1.879 лица.

Од нив, 260 се во притвор, додека повеќе од 950 се ослободени, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Политичка бура за државната каса: Дали Македонија се задолжува рекордно

06/09/2026
Македонија

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот

05/09/2026
Македонија

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта,

05/09/2026
Македонија

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен –

05/09/2026
Македонија

Растот на БДП продолжува: Мицкоски очекува економијата годинава да порасне

05/09/2026
Македонија

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за

05/09/2026
Македонија

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026
Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45483
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy