Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ОГЛАСИ ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ – Еве што велат за компанијата на Дрин Ахмети
Економија

СЕ ОГЛАСИ ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ – Еве што велат за компанијата на Дрин Ахмети

02/07/2023

AA

Денеска со соопштение се јавија од Фондот за иновации, од каде ни долго писмо објаснуваат за поддршката на стартап компании во земајва, но и за иновативните компании. Укажаа дека во скоро илјада поддржани пореокт вложиле над 118 милиони евра. 

Што се однесува пак до апликацијата на фирмата на внукот на Али Ахмети, Дрин, од ФИТР тврдат дека ова компанија нема да добие финансии бидејќи не ги исполниле сите критериуми.  

– Поради бројните написи во медиумите, поврзани со работата на ФИТР, и начинот на кој се финансираат проектите, дозволете да информираме прецизно:

Фондот за иновации и технолошки развој е водечка државна институција за поддршка на стартапи и иновативни компании во Република Северна Македонија. Бројката од речиси 1.000 поддржани проекти, со обем на инвестиции од преку 118 милиони евра, говори дека Фондот е вистински дом на сите иновативни компании и главен мотор за развој на македонската компанија. ФИТР е единствена институција во државата која има сертификат ISO : 31007 за борба против корупција – се истакнува во нивното соопштение. 

Од ФИТР додаваат дека јавниот повик за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст” е наменет за претпријатија и приватни здравствени установи, со цел да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандмиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, зелени и дигитални технологии за нивна трансформација.

– Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза. Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликантот и влијание на проектот. Сите проекти кои ќе добијат просечена оцена од минумум 51 поен продолжуваат во следна фаза. Финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 светски експерти. Марвин Лиао, кој е Претседател на КОИ е поранешен директор на Јаху а и самиот има инвестирано во над 400 стартапи.

Исто така, сакаме да истакнеме дека согласно Правилникот на инструментот, финансиската поддршка од страна на Фондот е повратна и истата се врши по стапка од 7,5% од оперативната добивка на корисникот, до остварување на поврат на 105% од износот исплатен од страна на Фондот, или пак за период од пет години по завршување на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен – се дополнува во соопштението.

Потоа посочуваат „Во однос на наведените компаниите: Тор индустрис и Еверест ЏД, кои се добитници на финансиска поддршка под инструментот „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”, истиот претприемач има поднесено предлог проекти под други инструменти за поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, но истите биле одбиени од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции. Тоа значи, дека секоја компанија која не ги исполнува критериумите за подобност на апликант и добил негативна оценка од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, нема да биде одобрен за финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
Македонија

Трагедија во Охридско: Работник паднал од бандера и починал

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45313
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026

Осум пожари на отворен простор и натаму се активни низ земјава, додека три се ставени под контрола, информира Центарот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy