Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се огласија од ГАК со детали за смртта на 34-годишната родилка
Македонија

Се огласија од ГАК со детали за смртта на 34-годишната родилка

02/03/2026

AA

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) ја информира јавноста за деталите околу трагичниот настан во кој животот го загуби 34-годишна пациентка.

„На 27.02 2026 год. на Клиниката за гинекологија и акушерство во 38 гестациска недела од бременоста е породена 34 годишна високо ризична пациентка со 5 та бременост по ред. Породувањето е завршено со царски рез поради претходно извршени 3 царски реза по што во случајов бил извршен и четврт царски рез кај мајката. На мајката претходно и биле укажани и сите ризици од евентуално следна бременост.

Операцијата поминала со уреден оперативен тек.

По операцијата пациентката по протокол е префрлена на Оделението за постоперативна интензивна нега. За време на престојот на пациентката на оваа интензивна нега, пациентката во еден момент се пожалила на силна градна болка по што веднаш бил повикан анестезиолог. Веднаш била спроведена срцево белодробна и мозочна реанимацијаод страна на целиот анестезиолошки тим е започната реанимација на пациентката по што кај пациентката биле вратени сите витални параметри.

По извршената реанимација, пациентката била пренесена на Одделението за интензивна нега и реанимција на клиниката за гинекологија каде истата била поставена на механичка вентилација и инвазивен и неинвазивен кардијален респираторен мониторинг. За време на престојот на Одделението за интензивна нега и реанимција биле повикани кардиолог и невролог.

На пациентката исто така и било направено ЕКГ, ехо на срце, РТГ пулмо,на секои 2 часа биле испитувани потребните биохемиски комплет лабораториски испитувања, а редовно биле контролорани ацидбазен статус и факторите за коагулација на крвта во консултација со трансфузиолог. За третманот на пациентката биле применети сите современи лекови и иследувања. Биле ординирани сите потребни деривати со цел стабилизирање на состојбата, но за жал и покрај сите обиди кај пациентката од страна на мултидисциплираниот пристап кој бил заземен за третманот на пациентката, истата на 01.03.2026г. починала на интензивната нега. Телото е предадено на обдукција. По пристигнувањето на патохистолошкиот наод, клиниката ќе се произнесе за официјалната причина за смртта на оваа родилка. Случајот денес е разгледан од страна на Комисијата за контрола на квалитет и унапредување на здравствената услуга на ГАК.

Клиниката изразува сочувство до семејството и длабоко жалење поради загубата на еден млад живот“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28 СТЕПЕНИ Од петок почнува

07/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа

07/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје

07/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ НА БУЏЕТОТ ПО НАМАЛЕНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА ГОРИВА

07/10/2026
Македонија

ЈОАНИК МАЛУКОС Е НОВИОТ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА Вети поддршка

07/10/2026
Македонија

ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието

07/10/2026
Македонија

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ

07/10/2026
Македонија

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46040
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28 СТЕПЕНИ Од петок почнува период со дожд и поројни

07/10/2026

Утрото во четврток, 8 октомври, ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа по испорачаните средства за пензиите,

07/10/2026

Македонија е лидер меѓу земјите од регионот според реализацијата на Реформската агенда, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Според него,

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје го затвори пост-мониторингот, Софија има

07/10/2026

Бугарија мора да ги исполнува обврските што произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за регистрацијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy