Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ

10/04/2026

AA

Системот за влез во Европската Унија (ЕЕС – Entry/Exit System) од денеска треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром.

Со системот што почна да се применува делумно од 12 октомври лани, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.

Со денешното целосно воведување на ЕЕС системот, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија. Целта е побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој во согласност со правилото 90 дена во период од 180 дена.

Со новата мерка времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ ќе се зголеми.

Според Министерството за внатрешни работи, од страна на Граничната полиција на Македонија се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел да се обезбеди брз и непречен проток на патници на македонските гранични премини.

„Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот“, информираа од МВР.

Со оглед дека новиот електронски систем на ЕУ – ЕЕС, беше во функција на влезните гранични премини во Шенген зоната и претходно, голем број од професионалните возачи се регистрирани во него. Според претседателката на Асоцијацијата на превозници „Макамтранс“ Билјана Муратовска, не се очекуваат зголемени застои и тесни грла на граничните премини за товарниот сообраќај од вообичаените, што не е случај со превозот на патници и патничките возила.

– Насоките за професионалните возачи, но и за вработените во превозните трговски друштва е редовно следење и броење на денови на престој во последните 180 дена, со правилно организирање на соодветна динамика за безбедно користење на превозните средства, со цел да не се појават проблеми и застој на територија на Шенген зоната – вели Муратовска.

Таа појаснува дека од 10 април ќе почне комбинирано броење на денови за престој особено за професионалните возачи. Тоа значи дека сè до истекување на 180 дена (10 октомври) ќе се користат податоците од електронскиот систем, но ќе се бројат и печатите евидентирани во патните исправи, сè додека не се овозможи добивање на работни визи од одредени држави со кои ќе се надминат проблемите до дефинитивно усвојување на новата Визна стратегија, каде возачите се признаени како професионалци.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
Македонија

МУ СКРШИЛЕ ВРАТЕН ПРШЛЕН НА ГИНЕКОЛОГ ДОДЕКА ПРЕГЛЕДУВАЛ ПАЦИЕНТКИ Огненовиќ

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45725
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет, тој тврди дека го нападнал

22/09/2026

35-годишен штипјанец со тешки телесни повреди бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а околностите под кои се

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне ноќеска во 2:05 часот по полноќ. Во исто време

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности за партнерства, инвестиции и развој

22/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од неговиот престој во Њујорк САД со дел од средбите што ги одржа на високо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy