Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ МЕНУВА ТОПТАН БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ПРИЛЕПСКИ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ – Владата ќе одбере нови повереници, имињата засега се во тајност
Економија

СЕ МЕНУВА ТОПТАН БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ПРИЛЕПСКИ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ – Владата ќе одбере нови повереници, имињата засега се во тајност

15/10/2024

AA

По ГТЦ, на ред дојде и
Тутунски комбинат од Прилеп. Акционерските друштва каде што Владата е мнозински
сопственик, ги менуваат досегашните членови на управните одбори, поставени од
претходната власт.

Прилепскиот тутунски
комбинат ќе ги менува членовите на Управниот одбор, но не се знае, барем јавно,
кои лица ќе дојдат на нивните позиции.

За 4 ноември годинава е
закажано Собранието на акционерите на овој комбинат, а на него се ставени
одлуки за отповикување на старите и за избор на новите членови на Управните
одбори.

Овие одлуки, како што се
наведува во јавниот повик за одржување на Собранието на акционери, ги предлага
доминантниот акционер на Тутунски комбинат Прилеп, а тоа е Владата.

На предлог на Владата
треба да се отповикаат следниве членови на Одборот на директори: Зоран
Пачешкоски, Гоце Котески и Горан Тодоров, кои се извршни членови на Бордот, потоа
Сретен Богоески и Миле Велкоски, кои се независни и неизвршни членови, како и
Златко Сарев и Милаим Амеди, кои се неизвршни членови.  

Во образложението за отповикување на сите овие членови е наведено дека Собранието
може да ги отповика сите членови на Одборот
на директори, односно на Надзорниот
одбор, односно член на овие органи и пред истекот на времето за коешто биле
избрани. За одлуката за отповикување е потребно мнозинство гласови од акциите
со право на глас, претставени на Собранието,
освен ако со статутот
не е определено поголемо мнозинство. Со статутот можат да се определат и други
услови за усвојување на одлуката.

А, за одлуките се наведува дека стапуваат во сила веднаш од денот на
нивното донесување.

Во предлогот за именување на нови членови на
Бордот, пак, не се наведени имиња на новите предлози за највисокото раководство
на комбинатот, а во образложението само стои дека тие ќе се изберат со мандат
од четири години, како и дека членовите на Одборот на директори и членовите на Надзорниот одбор ги избира
собранието со мнозинство гласови од акциите со право на глас од кворумот
определен за работа на Собранието.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy