Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ИЗБИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО 4 ОПШТИНИ Ќе победи оној што ќе освои повеќе од половина од дадените гласови
Македонија

СЕ ИЗБИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО 4 ОПШТИНИ Ќе победи оној што ќе освои повеќе од половина од дадените гласови

11/01/2026

AA

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни. Согласно Изборниот законик, за да се избере градоначалник на повтореното гласање потребно е за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од граѓаните што ќе излезат на изборите.

Гласањето почна во 7 часот, а избирачките места ќе се затворат во 19 часот. Гласачите на избирачките места ќе се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а исто така нивниот идентитет ќе се потврди и со апаратите за биометриска идентификација.

Во Гостивар ќе се гласа на 120 избирачки места, а во Избирачкиот список се запишани 82.870 граѓани со право на глас, 78.185 гласачи се постојани жители на општината, додека во посебниот Избирачки список за лица кои живеат во странство се запишани 4.604 гласачи.

Во Маврово Ростуше има 40 избирачки места, а во Избирачкиот список се запишани 10.575 избирачи, од кои во посебниот Избирачки список за жители во Општината 9.622, а во странство 951.

Во Врапчиште на 39 избирачки места треба да гласаат 27.279 граѓани, од кои 26.318 се постојани жители на Општината, додека во посебниот ИС за гласачи кои живеат во странство се запишани 950.

Бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7.562, од нив 6.305 во оштината, во посебниот ИС за гласачи во странство се запишани 1.257 лица. Таму ќе се гласа на 16 избирачки места.

Вчера во овие општини гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.

Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот на прес-конференции и преку соопштенија ќе информира за текот на гласањето и за излезноста на гласачите. Првичните резултати од гласањето ќе бидат објавени откако до нив ќе бидат доставени од општинските изборни комисии.

Според податоците од ДИК, во овие четири општини во првиот круг на 19 октомври лани не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни. Во Гостивар одѕивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
Македонија

ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА

21/09/2026
Македонија

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од

21/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА

21/09/2026
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45706
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА 4.346 МЕТРИ Студенти го

21/09/2026

Македонското знаме се развеа на 4.346 метри надморска височина во Колорадо. Двајцата македонски студенти Дарко Најдов и Бојан Блажевски на

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ ровер“

21/09/2026

47-годишен жител на струмичкото село Секирник загинал откако бил удрен од автомобил „ренџ ровер“ на влезот во селото. Несреќата се

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ НА БОЛЕСТИТЕ Лекарот ќе има

21/09/2026

До 2030 година секој граѓанин ќе има пристап до своите здравствени податоци, а секој лекар ќе ја има целосната информација

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy