Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ заедно со партиите од коалицијата иницираат Манифест за преговорите со ЕУ, време е за обединување
Македонија

СДСМ заедно со партиите од коалицијата иницираат Манифест за преговорите со ЕУ, време е за обединување

08/08/2023

AA

СДСМ заедно со партиите од коалицијата иницираат Манифест за преговорите со ЕУ.

„СДСМ како државотворна партија е предводник на концептот за европска иднина.

Во оваа насока СДСМ, заедно со политичките партии од коалицијата дава силна поддршка на Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ.

Овој Манифест е на линија на политиките на СДСМ, тој е добра основа за градење единство околу иднината на земјата и со него Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ.

Затоа, време е за обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ.

Политиките на СДСМ и коалицијата, за интеграција во НАТО и полноправно членство во ЕУ не се само политики за остварување на врвните стратешки приоритети и национални интереси, тоа се политики за сигурна и стабилна иднина за сите граѓани, економски напредок, развој и европски вредности.

Ние сме чувари на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција, но и на заедништвото меѓу сите наши граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност.

Токму преку овој Манифест сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните.

Визијата за европска држава, рамо до рамо со големите државотворни европски народи е нашата голема идеја и дел од нашето државничко делување во изминатите години.

Процесот за стабилизација и асоцијација стапи на сила 2004 година, во време на СДСМ а го потпишавме како прва земја од регионот.

Во март 2004 та година токму Владата предводена од СДСМ го поднесе барањето за членство во ЕУ а само една година потоа се стекнавме со кандидатски статус.

По цели 17 години во чекалната и загубена деценија со ДПМНЕ, минатата година Владата предводена од СДСМ ги започна преговорите за членство во ЕУ. Се одржа и првата меѓувладина конференција на 19 јули 2022 година во Брисел.

Тоа беше потврда за политиките на СДСМ но и за спроведените реформи, за политичката волја и за визијата за иднината на земјата како европска.

Заклучоците на Собранието кон Информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија беа иницирани и донесени од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ.

Сето тоа го постигнавме заедно со демократските сили и граѓаните и заедно со демократските сили и граѓаните ќе го оствариме и членството во ЕУ.

Затоа, во Манифестот е јасно наведено дека политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија

Исклучително важно за македонскиот народ, започнавме преговори со Унијата со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет.

Резолуциите на големите и пријателски држави за признавање и потврда на македонскиот јазик, идентитет и посебност дополнително говори за нашата посветеност и современ патриотизам.

Пред нашата татковина и пред сите нас е историска шанса за продолжување на европскиот пат со глас за Европа во македонското Собрание.

Сега треба да се направи чекор напред, да се донесе одлука за усвојување на уставните измени и побрзо членство во ЕУ.

Затоа, повикуваме на обединување околу европската иднината на земјата, а усвојувањето овој Манифест е добра основа за чекор напред кон такво обединување.

Како што покажавме обединетост и во 2018 година го обезбедивме членството во НАТО, сега повторно да се обединиме и да обезбедиме членство во ЕУ.

Иницијатори на Манифестот се политичките партии:

Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ),

Демократската Унија за Интеграција, (ДУИ),

Алијанса за Албанците (АА),

Либерално-демократска партија (ЛДП),

Нова социјал-демократска партија (НСДП),

Демократска Партија на Албанците (ДПА)

Партија за движење на Турците (ТХП),

Демократска партија на Турците во Македонија (ТДП),

Демократска обнова на Македонија (ДОМ),

ВМРО- Народна партија (ВМРО-НП),

Партија на пензионерите (ПП),

Српска странка во Македонија.

Манифестот останува отворен за широка општествена подршка“, велат од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45869
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката пукнала на вториот кат, течело

29/09/2026

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy