Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ БЛОКИРА ИЗМЕНИТЕ ВО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Ако се укине Пржинската влада, ќе излезе од Работната група за ИЗ
Македонија

СДСМ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ БЛОКИРА ИЗМЕНИТЕ ВО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Ако се укине Пржинската влада, ќе излезе од Работната група за ИЗ

23/04/2026

AA

Пржинската влада мора да остане во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од Работната група за Изборниот законик, изјави денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче, на прес-конференција во Собранието, нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на актуелната власт, Пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори.

– Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што го гледаме е еднаков на владеењето на Никола Груевски. Ако денеска помине на Комисија овој Закон за Влада како што е, нашата пратеничка група се повлекува од Работната група за Изборниот законик – изјави Филипче.

Тој посочи дека како партија мора да укажат и граѓаните да знаат со каква власт имаат работа и зошто, како што нагласи, се бега од контрола и механизам што гарантира фер и слободни избори.

– Ова е автократска власт. Апсолутно корумпирана. Зошто не сакаат да остане Пржинската влада. Од што се плашат и бегаат – нагласи Филипче.

Филипче, исто така, изрази уверување дека ќе има предвремени избори, посочувајќи дека, затоа им се брза со овие законски измени.

– Им се брза зошто снемува пари во буџетот за нивните бизнис интереси. Се брза да се донесе законот за да се распишат предвремени избори. Законот за избори не може да се донесе без нашата пратеничка група – нагласи Филипче.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот

05/09/2026
Македонија

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта,

05/09/2026
Македонија

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен –

05/09/2026
Македонија

Растот на БДП продолжува: Мицкоски очекува економијата годинава да порасне

05/09/2026
Македонија

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за

05/09/2026
Македонија

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026
Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026
Македонија

По години чекање, се ослободува трасата кај мостот „Генерал Михајло

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45482
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот кај Грачани

05/09/2026

Жителите на Скопје повторно можат да почувствуваат мирис на чад, откако ветерот над Скопска Црна Гора го насочи чадот од

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта, пет се ставени под контрола

05/09/2026

Според последниот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) направен попладнево до 18:00 часот, противпожарните екипи ширум земјава се

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен – Ангелов: Силите се преморени

05/09/2026

Нова серија пожари денеска ја стави на сериозен тест противпожарната служба во земјава. На отворен простор се регистрирани повеќе од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy