Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонците трошат сè повеќе онлајн во странство: 427 милиони евра за една година
Македонија

Македонците трошат сè повеќе онлајн во странство: 427 милиони евра за една година

23/04/2026

AA

Значителен раст на онлајн купувањата во странство бележат македонските граѓани во текот на изминатата година, при што најголем дел од средствата се трошат за авиобилети и резервации за сместување преку интернет.

Податоците од анализата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, базирана на информации од Народната банка на Република Северна Македонија, покажуваат дека вкупната вредност на е-трансакциите достигнала 427,8 милиони евра, што претставува зголемување од 50 отсто во однос на претходната година.

Во исто време, бројот на трансакции пораснал за 69 отсто и достигнал 12,4 милиони, додека просечната вредност по трансакција се намалила на 34 евра, односно пад од 11 отсто.

Најголем дел од потрошувачката е концентриран во неколку земји, меѓу кои Ирска, Холандија, Обединетото Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург. Тие заедно учествуваат со 74 отсто од вкупната вредност и 83 отсто од сите трансакции.

Најголем поединечен пазар е Ирска, каде македонските граѓани потрошиле 92,1 милиони евра, што претставува раст од 173 отсто. Таму е регистриран и најголем број трансакции – 4,8 милиони.

Холандија се наоѓа на второ место со 62,4 милиони евра и раст од 49 отсто, додека САД остануваат меѓу најзначајните пазари со 2,1 милиони трансакции.

Најголеми промени во динамиката на плаќањата се забележани во Германија и Кипар, каде бројот на трансакции значително пораснал, додека Луксембург и Обединетото Кралство бележат пад.

Според експертите, ваквите трендови се поврзани со силното присуство на глобални технолошки компании и онлајн платформи во овие земји, како и со развојот на дигиталната трговија и туристичките резервации преку интернет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy