
СДСМ: На наш предлог е решен проблемот со возачките дозволи
Од СДСМ велат дека по нивни предлог е решен проблемот со возачките дозволи.
„На предлог на пратеничката група на СДСМ, Собранието усвои законски измени со кои на возачките дозволи продолжена им е важноста, до крајот на оваа година.
Граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. ДПМНЕ не смее да ги казнува граѓаните.
Нодоговорно е однесувањето на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада и обидите да создававаат дополнителен хаос“, велат од СДСМ.
