Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Спасовски за несовесната работа и обештетување на граѓаните
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Спасовски за несовесната работа и обештетување на граѓаните

13/02/2024

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата на ДУИ и СДС, но пред се (поранешниот министер за внатрешни работи) Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи.

„Тие го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани.

Поради несовесно работење во службата и злоупотреба на својата должност Оливер Спасовски дозволил да се издаваат патни исправи иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност. Ако на ова се додадат и официјалните изјави на владата на СДС дека патните и личните изјави на граѓаните ќе важат до истекот на нивната важност, тогаш доаѓаме до тоа дека СДС системски ги лажела и манипулирала граѓаните, за да ги доведе до оваа омаловажувачка позиција да бидат во „државен притвор“ заради нивната неспособност и неодговорност. Патем, Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навремено печатење на доволен број документи, со што го ставиле народот во позиција да не може да извади документи и со тоа му предизвикуваат материјална и нематеријална штета.

Згора на се, граѓаните се изложени на непотребни финансиски трошоци да вадат нови патни исправи при веќе постоечки и важечки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава за Оливер Спасовски за несовесната работа и тужба со цел обештетување на граѓаните за финансиските импликации предизвикани од оваа власт на ДУИ и СДС.

Оваа власт на СДС и ДУИ е најлошото што и се случило на Македонија. Никогаш не било полошо и затоа мораме да ги поразиме“, велат од партијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44980
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат иднина дома

12/08/2026

За 35 години од прогласувањето на независноста, Република Северна Македонија претрпе длабока демографска и социјална трансформација. Државата која ја започна

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето на скопската вода

12/08/2026

Водата за пиење од градскиот водоснабдителен систем во Скопје е целосно безбедна и микробиолошки исправна, покажаа најновите лабораториски испитувања спроведени

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy