Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државата инвестирала само 900.000 евра во изградба на станови за продажба
Економија

Државата инвестирала само 900.000 евра во изградба на станови за продажба

13/02/2024

AA

Државата преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од  продажба на станови, гаражи и подруми во објекти во изградба очекува годинава да наплати 255 милиони денари, или околу 4,2 милиони евра, според објавената програма за 2024. Со овие пари, како и со другите приходи, планира да ја финансира понатамошната изградба на другите инвестиции.

Годинава планирани се 112 станови во зградата во Центар кај „Даре Џамбаз“, каде што, како што е познато од претходно, веќе овие недвижнини се продаваат во изградба.  Од комерцијалната зграда за која се покажа голем интерес, веќе се продадени првите 70 станови на крајот од јануари, со почетна цена од 1450 евра по м2 на лицитација.

Ќе се гради и зграда со 111 станови во Чаир. Во годишната програма предвидена е работа и на три згради во Битола и две во Охрид. За овие изградби во 2024 ќе бидат потребни 430 милиони денари, што е 7 милиони евра. Станува збор за 549 станови со вкупна површина 33.830 метри квадратни. 

„Завршување и предавање во употреба на објектите се предвидува во текот на 2025- 2027 година. Досегашниот напредок на овие објекти изнесува 4 отсто, во 2024 година ќе се реализираат 22 проценти, а останатите 74 отсто ќе се реализираат во 2025-2027 година“, посочува акционерското друштво во програмата.

За да се изградат овие згради до сега се инвестирани само 84 милиони денари (900.000 евра), а ќе бидат потребни уште две милијарди денари (32,6 милиони евра) за нивно завршување.

„Вкупното чинење на изградбата на објектите со станбен и деловeн простор наменет за продажба изнесува 2.074.426.792 денари без ДДВ. До крајот на 2023 година вложувањата за изградбата на овие објекти изнесуваат 84.243.125,00 денари без ДДВ, а потребните средства за целосно завршување изнесуваат 1.990.183.667,00 денари без ДДВ од кои во 2024 година ќе се вложат средства во висина од 428.862.436,00 денари без ДДВ, кои ќе ги финансира Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје. Останатите 1.990.183.667,00 денари ќе се вложат во текот на 2025-2027 година. Станбениот и деловниот простор наменет за продажба се очекува да биде завршен со градба во текот на 2025-2027 година“, порачува друштвото.

Долгорочно, за продажба планирани се три згради во Дебар Маало, две во Карпош и една во Кисела Вода, но и на други места.

„На територија на Република Северна Македонија во следниот период се планира изградба на вкупно 78 нови објекти со станбен и деловен простор наменет за продажба со вкупно 3.021 стана со вкупна површина од 191.960,40 м2, деловен простор со вкупна површина од 34.278,62 м2, гаражи со вкупна површина од 40.899,71 м2 и подруми со вкупна површина од 3,493.86 м2 .
Изградба на објектите се предвидува во 2025 – 2028 година. Станбениот и деловниот простор ќе се продава по пазарни продажни цени и тоа 100 отсто од продажната цена во тек на градбата“, забележано е во долгорочната програма.

За долгорочните проекти потребни ќе бидат 80 милиони евра, а досегашните вложувања се само 250.000 евра. За 2024 воопшто не се предвидени пари за оваа програма.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
Македонија

ТЕЛЕКОМ СВИКА РОДИТЕЛСКА СРЕДБА Темата беше заштита од врсничко насилство

28/09/2026
Македонија

ЈАВНОСТА СВЕДОЧИ НА РАСПАД ВО ЖИВО НА СДСМ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

28/09/2026
Македонија

ДРЖАВАТА ГИ СЛУШНА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ Изработи прирачник за

28/09/2026
Македонија

ПОЧИНА 70-ГОДИШЕН МАЖ ОД АЕРОДРОМ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Десетта жртва

28/09/2026
Македонија

ДВАЈЦА БЕСНЕЕЛЕ ВО КАЗИНО, НЕКОЛКУ ГОСТИ ЗАВРШИЈА НА КЛИНИКА Гаѓале

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45851
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16 млади Македонци заминале во Србија,

28/09/2026

Најмалку 16 млади момчиња од Македонија досега биле идентификувани како лица кои заминале во Србија и биле вовлечени во активности

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ ДАВАШЕ РАЗЛИЧНИ ОДГОВОРИ Вештакот тврди

28/09/2026

Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против Трајче Бојковски, од општина Старо Нагричане, обвинет за четири убиства на жени

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш

28/09/2026

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Струмица–Радовиш, на делницата меѓу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy