Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Македонија за прв пат по 2019 назадува во борбата со корупција!
Македонија

СДСМ: Македонија за прв пат по 2019 назадува во борбата со корупција!

11/02/2025

AA

Од СДСМ велат дека резултатите од годишниот извештај на „Транспаренси интернешнл“ се уште еден доказ за неспособноста и неуспехот на Владата предводена од ДПМНЕ.

„Македонија бележи катастрофален пад од 12 места во Индексот за корупцијата за 2024 година, што претставува прво назадување на нашата држава од 2019 година.

Оваа Влада ветуваше „беспоштедна борба против корупцијата“, но за само осум месеци успеа да ја доведе Македонија до најслабата позиција на скалата во последните пет години. Со падот на два поени и рангирањето на 88 место, граѓаните јасно покажуваат дека немаат доверба во нивните политики и дека корупцијата е полоша од било кога.

Додека соседните земји, како Албанија и Косово, прават сериозни чекори напред – Албанија е осум места пред нас, а Косово дури петнаесет – Македонија под оваа Влада се движи наназад.

СДСМ за време на своето владеење ја зацврсти позицијата на Македонија во борбата против корупцијата, овозможувајќи континуирано напредување на индексот од 2019 до 2023 година. За разлика од тоа, Владата на ДПМНЕ го врати нашиот рејтинг наназад, а земјата ја ставија во групата на најкорумпирани држави во Европа.

Одговорноста за овој неуспех е кај Владата, наместо да ја лаже јавноста со празни ветувања и пропаганда треба да покаже системски мерки и реформи за борба со корупцијата.

СДСМ останува цврсто посветен на борбата против корупцијата и изградбата на институции кои ќе служат на граѓаните, а не на партиските интереси“, велат од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
Македонија

ПОСЛЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ: Повторно отворено Средното полициско училиште „7 Мај“,

01/09/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија

01/09/2026
Македонија

29-годишен Охриѓанец приведен во Струга, бил затекнат во автомобил како

01/09/2026
Македонија

Превозниците протестираа, Брисел одговори: Правилата на Шенген нема да се

01/09/2026
Македонија

19 пациенти со Западнонилска треска на Инфективна, двајца во тешка

01/09/2026
Македонија

1.696 пожари на отворено за три месеци – 69 биле

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45382
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби и две запалени возила за

01/09/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK пристигна пријава од жители на Маџир Маало, кои алармираат на сериозно нарушена безбедносна состојба во населбата

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026

На денешното рочиште за обвинетиот судија Ѓоко Ристов беа презентирани ПИ-мерки од кои, според обвинителката Искра Хаџивасилева, се гледа шема

ПОСЛЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ: Повторно отворено Средното полициско училиште „7 Мај“, 310 ученици ја започнаа наставата

01/09/2026

По пауза од точно 30 години од последниот упис, македонската полиција денеска го означи официјалниот почеток на наставата за новата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy