Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Истрагата за Кочани се претвори во фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски
Македонија

СДСМ: Истрагата за Кочани се претвори во фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

14/04/2025

AA

Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И по проширувањето на истрагата, едно е јасно: не се бара никаква одговорност од оние што кобната ноќ беа на функција во МВР, но и други институции кои морале и и имале должност да го превенираат настанот, велат од СДСМ во соопштение.

„Вечерта на трагедијата, постоеле дежурни началници во ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ. Тие имале директна надлежност. Имало полицајци на лице место – виделе сè: малолетници, пиротехника, хаос и премолчеле, не презеле ништо иако знаеле и за настанот и за тоа што се случувало таму. Трагедија е што денес никој од нив не е ни осомничен за настанот.

Ова е селективна правда на ВМРО-ДПМНЕ во која Тошковски ги штити своите и оние кои тој ги поставил на функциите. 

Да биде уште поцинично – дозволата за пиротехника, која е директна причина за пожарот, паѓа под МВР. Значи – пропустите на системот и превенцијата се целосно кај МВР и актуелното раководство од кое нема ниеден осомничен. 

Тошковски со ваква истрага ги доуништува семејствата на загинатите. Трагедијата ја претвора во уште поголема трагедија.

СДСМ прашува гласно и јасно:

Зошто никој од актуелните полициски раководители не е предмет на истрага?

Зошто се гонат функционери кои тогаш воопшто не биле надлежни, а не оние што таа вечер требало да спасуваат животи?

Ова е класичен случај на политичко прикривање. Тошковски си ги штити своите. А јавноста гледа како трагедијата се претвора во уште поголема неправда.

СДСМ нема да дозволи оваа лага да стане вистина. Ќе се бориме за целосна и неселективна одговорност. Без разлика на функцијата, без разлика на партиската книшка.

Правда за Кочани значи одговорност за сите – особено за оние кои имале можност да спречат, а не мрднале со прст“, се вели во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека

29/10/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА РАБОТИ ПРОТИВ ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ Василевска со обвинувања за политиките

29/10/2026
Македонија

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ

29/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
Македонија

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА

29/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46444
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека политиките кои ги води се

29/10/2026

Премиерот вели дека Владата е фокусирана на проекти, дека ја зголемила борбата против криминалот и дека ги брани државните интереси.

ОПОЗИЦИЈАТА РАБОТИ ПРОТИВ ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ Василевска со обвинувања за политиките на СДСМ

29/10/2026

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата дека користи застарени пропагандни методи и дека не ги слуша сопствените членови. Според неа,

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ ЕВРА Осуммина приведени, 11 кривични

29/10/2026

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа. Според истрагата, Фондот бил оштетен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy