Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Дали има нов скандал во министерството на Андоновски – тендер добиле родители на негов вработен?
Македонија

СДСМ: Дали има нов скандал во министерството на Андоновски – тендер добиле родители на негов вработен?

31/03/2025

AA

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денес на прес-конференција објави сомнеж за нов скандал поврзан со Министерството за дигитална трансформација, раководено од министерот Стефан Андоновски.

„Дали сме сведоци на нов скандал во министерството на Андоновски? Според информациите добиени од свиркачи, тендер во висина од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап добила фирмата ‘БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС’ ДОО Скопје, чии сопственици, наводно, се родителите на Борче Младеновски, кој е вработен во ИТ секторот на истото министерство,“ изјави Илиевски.

Дополнително, тој посочи дека индикативен е контакт мејлот приложен во тендерската документација, [email protected], што дополнително укажува на сомнеж за поврзаност со вработениот во министерството.

Илиевски побара од министерот Андоновски да одговори на овие наводи и да ја разјасни ситуацијата во јавноста. Тој истакна дека институциите мора да реагираат на оваа информација, додавајќи дека ова не е прв случај на сомнежи за непотизам и судир на интереси во ова министерство.

„Институциите не смеат да молчат пред овие индиции за тендерски мрежи и злоупотреби од страна на власта. Граѓаните заслужуваат вистина и одговорност, особено кога се во прашање нивните пари,” нагласи Илиевски.

Потпретседателот на СДСМ исто така го критикуваше министерот Андоновски поради неговото барање за извинување од СДСМ, направено на денот на погребот на жртвите од трагедијата во Кочани, потенцирајќи дека тоа покажува „недостиг на морална одговорност и сочувство од страна на министерот“.

„Правдата мора да биде еднаква за сите, а институциите мора да бидат транспарентни и одговорни пред граѓаните,“ заврши Илиевски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на „ДНК“ кој загина во пожарот во

06/09/2026
Македонија

Го пријавила сопругот во полиција, со тврд предмет ја истепал,

06/09/2026
Македонија

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски,

06/09/2026
Македонија

Шест активни пожари низ земјава, најсложен е пожарот кај Рамно

06/09/2026
Македонија

50 годишен маж од струшко возел со 2,40 промили алкохол

06/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се

06/09/2026
Македонија

Владин возач барал 1.500 евра мито за вработување пожарникар

06/09/2026
Македонија

Варнс со честитка за 35 години независност: Заедно градиме побезбедна

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45491
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на „ДНК“ кој загина во пожарот во „Пулс“, доби биста во Струмица

06/09/2026

„Џоче, Струмица ќе те памети“ – порача градоначалникот на Струмица, Петар Јанков во објава посветена на тапанарот од ДНК, Ѓорѓи

Го пријавила сопругот во полиција, со тврд предмет ја истепал, и се заканувал и и

06/09/2026

На 06.09.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом во Скопје, со

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски, затоа ова е Организирана криминална

06/09/2026

СДСМ обвинува дека возачот на генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев бил приведен под сомнение дека барал мито.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy