Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХВ ОДЗЕДЕ ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК – се продавале на пазар за стари работи, изречена казна
Економија

АХВ ОДЗЕДЕ ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК – се продавале на пазар за стари работи, изречена казна

31/03/2025

AA

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото. 

Пртитоа пронашле 34 пакети со т.н. флипс производи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено е дека пронајдените производи се со поминат рок по што, како небезбедени, биле одземени од инспекциските служби на АХВ.

Како што информира АХВ, производите биле набавени од различни магацини и се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари, како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.

– Сторителот е казнет со парична казна од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи – наведува АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронска на info@fva.gov.mk, или лично во Агенцијата.

Воедно од АХВ посочуваат дека досега не е пристигнато известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни – (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи.

АХВ, како што наведува, ја следи состојбата со повлекувањето супи во Германија и доколку добие известување преку овој систем, навремено ќе преземе мерки за евентуално повлекување на производи.

– До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни – (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи – нагласува АХВ.

Во текот на вчерашниот ден некои медиуми објавија дека Германија повлекува серии готови супи на познат бренд поради можност за присуство на метални делови.

Фото: МИА 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

64 жаришта на сипаници кај овците, досега угинале околу 10.000

07/09/2026
Македонија

Четири случаи на семејно насилство во едно деноноќие

07/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на македонско-косовската граница е ставен под контрола

07/09/2026
Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради музичкиот настап во

07/09/2026
Македонија

Груби со насмевка на судење: Поранешниот вицепремиер не се чувствува

07/09/2026
Македонија

Горивата повторно поскапуваат – ова се новите цени

07/09/2026
Македонија

Утре голем концерт во Скопје: Еве што не смеете да

07/09/2026
Македонија

УХМР со најава: Локално невреме со пороен дожд, силен ветер

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45520
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

64 жаришта на сипаници кај овците, досега угинале околу 10.000 грла

07/09/2026

Состојбата со сипаниците кај овците и натаму е сериозна, а надлежните служби регистрираат нови ризични подрачја и преземаат мерки за

Четири случаи на семејно насилство во едно деноноќие

07/09/2026

Повеќе случаи на семејно насилство се регистрирани во изминатото деноноќие во Охрид, Струга и Скопје. Во еден од случаите, насилството

Ангелов: Пожарот на македонско-косовската граница е ставен под контрола

07/09/2026

Жешкото време и силниот ветер повторно го ставија пожарниот систем во земјава на сериозен тест. Во текот на вчерашниот ден

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy