Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ бара одговорност од Тошковски поради нарушената безбедност и пропустите во Кочани
Македонија

СДСМ бара одговорност од Тошковски поради нарушената безбедност и пропустите во Кочани

30/03/2025

AA

Тешката трагедија во Кочани што ја потресе целата држава и во кој трагично го загубија животот 59 млади луѓе, а над 200 беа повредени – ѓи разоткри пропустите во институциите но и колапсот на безбедносниот систем, велат од СДСМ во соопштение.

„Затоа е потребна одговорност особено во врвот на МВР и БЈБ. 

Без селективност и без обиди да се заобиколат оние кои што имаат најголема одговорност.

Нешто не е во ред со безбедноста во државата, а за тоа се молчи. Мора да има одговорност согласно законите, но и морална одговорност.

После катастрофалната трагедија во Кочани, продолжија серија на безбедносни инциденти. 

И тоа : пукања со огнено оружје, убиства, сообраќајќи, прегазени луѓе на улиците, се нашето секојдневие.

-Пред само неколку дена вработена во прилепскиот Центар за социјални работи беше ранета откако во неа беше пукано со огнено оружје.

Исто така се пукаше и во с.Моране, каде што беше повредено едно лице.

Дополнително, над 20 сообраќајќи со повредени и прегазени се случија по улиците на нашите градoви.

Во Скопје, беа прегазени жена и дете.

Сообраќајни несреќи со повредени имаше и во Битола, каде исто така беше прегазена жена, а во Кавадарци  беа повредени 4 лица, но и во Штип, Тетово, Гостивар, Македонска Каменица, Скопје. 

Безбедноста на граѓаните не е на нај високо ниво.

Безбедносниот системот целосно потфрли. Превенцијата која што е директна надлежност на МВР и Панче Тошковски затаи. Контролите ги нема. 

Има само последици, тешки и недозволиви. 

Затоа СДСМ бара:  оставки и одговорност од раководството на МВР на чело во Панче Тошковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44908
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко Костадинов се искачи на врвот

07/08/2026

Уште еден голем планинарски успех го одбележа градот Битола! Сограѓанот Дарко Костадинов успешно се искачи на моќниот врв Казбек, сместен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy