Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска
Економија

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

30/03/2025

AA

Трошоците за работна сила во земјите од Европската унија варираат во голема мера – во земјата со највисока саатница таа е дури пет пати повисока отколку во земјата со најниска саатница во 2024 година. Поточно, податоците на Еуростат покажуваат дека најниските трошоци за работна сила на час се забележани во Бугарија (10,6 евра), Романија (12,5 евра) и Унгарија (14,1 евра), додека највисока е во Луксембург (55,2), Данска (50,1), и Белгија (48,2 евра).

Хрватска се најде на дното на листата со шести најнизок час – 16,5 евра. Во однос на претходната година, трошоците за работна сила на час кај оваа земја се зголемени за 2,1 евро, а од 2021 година за 4,9 евра. Така, Хрватска имала највисока годишна стапка на раст (14,2 отсто), но без оглед на тоа, секогаш е поблиску до дното отколку до врвот на скалата. Претходните четири години на врвот беше Норвешка.

Просечната саатница во индустријата лани била 33,9 евра во Европската унија и 39,8 евра во еврозоната. Во градежништвото варираше помеѓу 30 евра во ЕУ и 33,4 евра во еврозоната, додека трошоците за работна сила во услугите беа 33,3 евра во ЕУ и 36,4 евра во еврозоната. Во претежно неделовната економија (без јавната администрација), саатниците во 2024 година беа 34,2 евра и 37,5 евра, соодветно.

Покрај саатниците, другата главна компонента на трудот се трошоците што не се поврзани со платите, како што се социјалните придонеси на работодавачот – просекот на Европската унија е 24,7 проценти. Најмал удел на неплатни трошоци меѓу земјите-членки имаат Романија (4,8 отсто), Литванија (5,4 отсто) и Малта (5,8 отсто), а највисоки Франција (32,2 отсто) и Шведска (31,6 отсто).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
Македонија

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно

23/11/2026
Македонија

СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА МЛАДИ БИТОЛЧАНИ Еднократна финансиска поддршка

23/11/2026
Македонија

СМРТТА КАЈ СМИЛКОВЦИ СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО Тошковски потврди дека

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46898
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат нападите и заканите, најавени се

23/11/2026

Формиран е Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите, нов меѓуинституционален механизам чија цел е подобрување на безбедноста на

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ КАЛКУЛАЦИИ Јаревски вели дека реформската

23/11/2026

Македонија е меѓу најуспешните држави во исполнувањето на реформските обврски и искористувањето на европската поддршка, а напредокот кон Европската Унија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП Полицаец од Долно Блаце дел

23/11/2026

Полицаец на граничниот премин Долно Блаце побарал и примил пари за да им овозможи влез во Македонија на двајца турски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy