Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САШО НАУМОСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: КОМОРАТА НЕ Е САМО ЗАСТАПНИК НА ИНТЕРЕСИТЕ НА БИЗНИС-СЕКТОРОТ, ТУКУ И ГО ИНСТИТУЦИОНАЛИЗИРА ГЛАСОТ НА БИЗНИСОТ
Економија

САШО НАУМОСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: КОМОРАТА НЕ Е САМО ЗАСТАПНИК НА ИНТЕРЕСИТЕ НА БИЗНИС-СЕКТОРОТ, ТУКУ И ГО ИНСТИТУЦИОНАЛИЗИРА ГЛАСОТ НА БИЗНИСОТ

06/01/2025

AA

Oдржливоста и развојот на компаниите, новите инвестиции, присуството на нови пазари на нашите компании се дел од темите за кои разговараат претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка“ од Прилеп и почесен конзул на Украина во Македонија, во следната епизода на подкастот „Бизнис-клуб“.

Според него, едно од правилата да се биде успешен на пазарот и да се развива бизнисот е да се биде во чекор со промените и да се биде дел од нив. Во спротивно, ако не се прифатат промените, ќе има застој и полека ќе се исчезне од пазарот.

„Сигурноста и претпазливоста се најголемиот фактор за бизнисот. Во моментов воопшто не ни е тема за размислување безбедноста на капиталот. Едноставно размислуваме да се развиваме, да ја прошируваме компанијата, да инвестираме во нови погони и во нови производи и да се пробиваме на нови пазари“, истакна Наумоски, директор на една од најголемите извозно ориентирани и производствено позиционирани компании во Македонија, која со континуираната бизнис-стратегија е присутна на пазарите во 60 земји во светот, а нејзиниот производ „Стоби флипс“ е бренд со 60 % пробиеност на надворешните пазари.

„Кај нас се работи на стабилен извоз и на стабилно планирање. Ние немаме скокови ниту во извозот, ниту во домашниот пазар. Филозофијата на нашата компанија е полека да растеме, полека да ги освојуваме пазарите и да бидеме стабилни на тие пазари“

Сашо Наумоски дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, а подоцна и магистрирал на истиот факултет. Својата професионална кариера ја започнал многу млад како трговски патник во приватниот сектор, а подоцна ја основал сопствената приватна фирма „Салида“. Во прехранбената индустрија влегол со вработувањето во „Витаминка“, каде што работел на различни позиции, а подоцна станал и нејзин генерален извршен директор, позиција на која работи и денес.

Во разговорот со претседателот Азески, Наумоски ја истакнува важноста на Стопанската комора, која како институција многу значи за компанијата „Витаминка“ бидејќи претставува потпора за сите движења на стопанството и мост за балансирање на потребите на бизнисите со реалните економски случувања, а дава и решенија за надминување на проблемите. Според него, обединувањето на компаниите е една од најголемите вредности на Комората, а оттаму произлегува и другата нејзина вредност – моќта да влијае и да носи промени, затоа што Комората не е само застапник на интересите на бизнис-секторот, туку и го институционализира гласот на бизнисот и го става во концепт доволно силен и моќен да ги издејствува потребните промени и да се спротивстави на сите пречки.

„Комората значи премногу за бизнисот во Македонија. Сè што сакаме да артикулираме и да кажеме во однос на недостатоци во работењето во Македонија и за одредени промени ние го кажуваме преку Комората; сè што ни требало за странските пазари информациите сме ги добивале од Комората; сè што ни требало од едукации го имала Комората и сме го користеле максимално. Ние гледаме дека нашиот успех е многу поврзан со Комората. Голем дел од нашите резултати се должат на блиската соработка со Комората“, потенцираше Сашо Наумоски.

Од 2015 година е потпретседател на Стопанската комора на Македонија и според него стопанството треба да го добие своето место во целосниот напредок на земјата, а Комората е таа што го води бизнис-секторот низ потребните промени.

Во 2023 година станал почесен конзул на Украина во Македонија.

Целиот разговор на линкот подолу.

https://youtu.be/soEuJKtz2J0?si=fFsxJewIbUVkoESH

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy