Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САША ПОПОВИЌ ЗАМИНА ВО ВЕЧНОСТА: По кратко боледување основачот на Гранд продукција почина
Регион

САША ПОПОВИЌ ЗАМИНА ВО ВЕЧНОСТА: По кратко боледување основачот на Гранд продукција почина

01/03/2025

AA

Основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина на 70-годишна возраст.

Како што се наведува во соопштението од „Гранд продукција“, Александар Саша Поповиќ починал по кратко и тешко боледување.

Додаваат дека со децениска работа бил визионер и посветен професионалец, а преку музиката и телевизијата открил и поддржал бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера.

Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, емисиите и сето она што го создал. Наследството што го остави зад себе е неизмерно и го одбележа времето во кое живеел“, се вели во соопштението на „Гранд продукција“.

Вучиќ испрати телеграма со сочувство за смртта на Саша Поповиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва испрати телеграма со сочувство по повод смртта на основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ.

„Со тага ја примив веста за смртта на истакнатиот естраден менаџер, музичар и композитор Саша Поповиќ, кој даде исклучителен придонес за нашата и на регионалната музичка сцена. Покрај уметничкиот ангажман, Саша им помогна на многу млади таленти, давајќи им шанса да ги остварат своите соништа и да го најдат своето место во светот на забавата.

Со својата огромна репутација во музичката индустрија, како и со својот голем и сестран талент, тој го обликуваше музичкиот вкус и трендовите во народната музика, а бројни генерации ќе ги паметат хитовите што ги компонираше за многу познати изведувачи од нашите простори.

Изразувам длабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на Саша Поповиќ. Нека почива во мир, стои во телеграмата со сочувство од претседателот Вучиќ, соопштија од кабинетот за односи со медиумите на претседателот на Републиката.

Саша Поповиќ почина денеска на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, објави претходно Гранд продукција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонската химна одекна во Таранто: Белистојаноски освои злато!

02/09/2026
Македонија

„Комити“ најавија бојкот на Вардар: Бараат оставка од управата предводена

02/09/2026
Македонија

Вештачење за „Пулс“: 13 години немало противпожарна инспекциска контрола во

02/09/2026
Македонија

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026
Македонија

Метеоаларм: Невреме со силен ветер и град ја зафаќа Македонија

02/09/2026
Македонија

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, силен ветер и град – УХМР

02/09/2026
Македонија

14-годишник возел мопед во спротивна насока и побегнал од полицијата

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонската химна одекна во Таранто: Белистојаноски освои злато!

02/09/2026

Македонската химна одекна во Таранто! Каратистот Матеј Белистојаноски освои златен медал на 20. Медитерански игри и ѝ го донесе на

„Комити“ најавија бојкот на Вардар: Бараат оставка од управата предводена од Миленко Неделковски

02/09/2026

Тензиите меѓу навивачката група „Комити“ и раководството на ФК Вардар продолжуваат да се зголемуваат. Навивачите преку соопштение објавено на социјалните

Вештачење за „Пулс“: 13 години немало противпожарна инспекциска контрола во објектот

02/09/2026

Нови детали за безбедносните услови во дискотеката „Пулс“ беа изнесени денеска во судницата во Идризово, каде продолжи судењето за трагичниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy