Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Самсоненко повлече нога! Кој купи, а кој продаде акции на „Жито Полог“ за 168.300 евра?
Економија

Самсоненко повлече нога! Кој купи, а кој продаде акции на „Жито Полог“ за 168.300 евра?

20/06/2023

AA

Кичевскиот акционер ги преполови своите акции во „Жито Полог“ за надомест од 168.300 евра, односно околу 37 евра за секоја акција. Акциите ги купија: најголемиот акционер „Орка холдинг“, „Жито Полог“ (најголем дел) и скопското друштво „Лид Комуникејшнс“.

Тетовската компанија за производство на брашно и леб е повторно во фокусот на инвеститорите во акции. И овој пат станува збор за интерни трансакции што значи прераспределба меѓу актуелни акционери.

Берзата потврди дека во периодот од изминативе две недели во „Жито Полог“ во блок трансакции се истргувани 8,1 отсто од акциите. Продавач е актуелниот акционер – кичевската фирма „АС Сењак“ која отуѓи 8,1 отсто од сите акции, а повеќе од половина од сите свои акции со право на глас што ги поседуваше во „Жито Полог“, вкупно 4.562 акции со право на глас.

Од најновите податоци кои се објавени на веб страната на Централниот депозитар за хартии од вредност е видливо дека акциите на кичевецот Селаудин Арифи преку неговата фирма „АС Сењак“ ги купија три постоечки акционери. Најголем дел од акциите откупи токму компанијата „Жито Полог“ и за нив плати 85.700 евра. Со новостекнатите 5 отсто сега ова друштво во сопствен откуп чува 15 отсто од сите акции во компанијата.

Своето учество за мал процент со последната продажба го зголемија уште два постоечки акционери. Најголемиот поединечен акционер скопската компанија „Орка холдинг“ докупи 2 отсто од сите акции и сега поседува 25 отсто од сите гласачки права во „Жито Полог“.

Еден од помалите поединечни акционери скопското друштво „Лид Комуникејшнс“ докупи 1 отсто од акциите и сега има 12 отсто од главницата на полошкиот производител на леб.

По продажбата на овие акции „АС Сењак“ останува да биде акционер и сега поседува 5,6 отсто од сите акции во „Жито Полог“.

Останати поголеми акционери се: Сергеј Самсоненко со 20 отсто, Ненад Јосифовиќ со 12,5 отсто и скопското градежно друштво „Софија Градба“ со 5,1 отсто од акциите.

„Жито Полог“ во првиот квартал годинава работел со загуба. Официјалните неревидирани финансиски податоци покажуваат дека друштвото од јануари до март од продажба инкасирало околу 950.000 евра што е за половина помалку од истиот период лани.

Оперативните расходи на компанијата за овој период изнесувале речиси 1,1 милиони евра, а оперативната загуба е речиси 100.000 евра.

Повеќе на темава на следниот линк https://faktor.mk/po-kupuvanjeto-na-akciite-samsonenko-sega-ima-1986-otsto—zito-polog-gi-objavi-promenite-vo-akcionerskata-struktura

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy