Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САМО БОГ МОЖЕ ДА МИ СУДИ Осудениот Михајловски за „27 април“ одбива амнестија, сака праведно судење
Македонија

САМО БОГ МОЖЕ ДА МИ СУДИ Осудениот Михајловски за „27 април“ одбива амнестија, сака праведно судење

02/02/2023

AA

Вилијам Михајловски-Гајда, осуден на 13 годишна затворска казна за крвавите случувања во Собранието на 27 април, ја одбива амнестијата.

Ова доаѓа откако неколку адвокатски канцеларии поднесоа предлог-закон за амнестија, а со кој, ќе бидат ослободени дел од осудените, додека на останатите ќе им се намали изречната казна.

Михајловски, осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок, огласувајќи се во јавноста, посочи дека не сака амнестија и дека нему само Бог може да му суди.

„Доколку ЈО за организиран криминал има докази дека терористички сум го загрозил уставниот поредок со моето влегување во Собрание на Република Македонија, во кое влегоа уште 5.000 луѓе, слободно можете јавно да ги објавите и судовите нека судат. Но, да знаете нема само Македонија судии, има меѓународни судови на кои оставам да одлучат дали терористички сум го загрозил уставниот поредок. Доколку амнестијата е со цел да потпишам дека сум го сторил делото и ме амнестираат за тероризам, тоа никогаш нема да го потпишам. Јас тврдам дека во ниту еден момент не сум имал умисла и во ниту еден момент терористички не сум го загрозил уставниот поредок на Македонија. На Обвинителството останува да докаже дека терористички сум го загрозил уставниот поредок“, пишува Михајловски во објавата на Фејсбук.

Тој посочува дека шеста година е во затвор и дека не користи викенд погодности.

„Затоа останувам да лежам и преку правни алатки ќе оставам тие од организираниот криминал да докажуваат дека терористички сум го загрозил уставниот поредок. Повторувам уште еднаш, доколку целта е да ни дадат амнестија за терористичко загрозување – не, фала, не ми треба амнестија за нешто што не сум го сторил. Не се плашам од овие судови и обвинители, ама ич, овде во Македонија сѐ е корумпирано, судиите си играат пиши-бриши. Е па господо судии, јас не сум бил државен функционер да имам пари, за да подмитувам. Најважно ми е пред Божјиот суд да бидам чист. Бог е тој што може да ми суди. Мое барање за амнестија може да гласи дека барам праведно судење – а не амнестија“, додава тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

21/05/2026
Македонија

Македонската дијаспора во Германија со жалба до Фон дер Лајен

21/05/2026
Македонија

Пет нови авиолинии стартуваат ова лето

21/05/2026
Македонија

Брисел ја награди реформската агенда: Скопје добива нови 65,7 милиони

20/05/2026
Македонија

Чекор поблиску до „оживување“ на џиновската моа: Првото пиле се

20/05/2026
Македонија

Гаши: Во трка сме со времето во однос на членството

20/05/2026
Македонија

Четири лица приведени, а со едно извршен службен разговор –

20/05/2026
Македонија

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило – пет возеле

20/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

21/05/2026

Променливо облачно со сончеви периоди наместа со слаб локален дожд. Попладне во југоисточните делови ќе биде нестабилно со услови за

Македонската дијаспора во Германија со жалба до Фон дер Лајен за процесот на проширување на

21/05/2026

Во жалба упатена до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Централниот совет на Македонците во Германија со седиште

Пет нови авиолинии стартуваат ова лето

21/05/2026

И покрај неуспешните преговори со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата најави проширување на мрежата на авиолинии и воведување нови летови од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy