Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Салиу за ромската заедница која протестира против Сејф Сити: Со образование ќе им се овозможи легална и безбедна можност за возење
Македонија

Салиу за ромската заедница која протестира против Сејф Сити: Со образование ќе им се овозможи легална и безбедна можност за возење

04/02/2026

AA

Во повеќе градови денеска продолжија протестите на граѓани од ромската заедница кои бараат да им се дозволи да возат без возачка дозвола, а најголемо внимание привлече Плетвар, каде се формираа долги колони и чекање со часови. Протести имаше и пред полициските станици во Битола и Струмица, како и во Прилеп, Ресен, Штип и Кочани.

Министерот задолжен за интеграција на ромите, Салиу, апелираше демонстрантите да останат смирени, нагласувајќи дека потеклото од ромската заедница не ги ослободува од почитување на законите. Тој потенцира дека разговарале со министерката за образование за обезбедување можност и финансиска поддршка за завршување на основното образование на граѓаните од ромската заедница, со што тие би можеле понатаму да полагаат за возачка дозвола.

– „Со образование ќе им се овозможи легална и безбедна можност за возење, наместо да ризикуваат со возење без дозвола и со закани за јавен ред“, изјави Салиу.

Ситуацијата на терен беше тензична. На автопатот Битола–Охрид беа запалени гуми, а сообраќајот беше блокиран, додека пред судот и полицијата во Битола демонстрантите побараа присуство на инструктор кој ќе потврди дека знаат да возат. Жените останаа на автопатот, а мажите се префрлија пред институциите.

И во Штип и Кочани се палеа гуми, по што интервенираше пожарната за да се нормализира состојбата.

Од МВР денеска соопштија дека за сите видови на протести ќе одговорат согласно надлежностите за да се обезбеди стабилен јавен ред и мир. Засега нема уапсени лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
Македонија

Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026

31/07/2026
Македонија

Осквернавени 14 гробови во струшко село, полицијата трага по сторителот

31/07/2026
Македонија

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево,

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44784
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026

Топлото и стабилно време продолжува и во наредниот период, а метеоролозите најавуваат сончеви денови со многу високи температури низ целата

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на пазарот на недвижности

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија бележи зголемена активност во вториот квартал од 2026 година, со значителен раст на бројот на

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените вредности, се чека финален извештај

31/07/2026

По појавата на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец, надлежните институции спроведоа вонредни контроли и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy