Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сакам Израел да биде исклучен од натпреварот“: Победникот на Евровизија ги напаѓа организаторите
Македонија

„Сакам Израел да биде исклучен од натпреварот“: Победникот на Евровизија ги напаѓа организаторите

22/05/2025

AA

Победникот на Евровизискиот натпревар за песна 2025, Јоханес Пич, попознат како Џеј-Џеј, го коментираше овогодинешниот натпревар и фактот дека Русија беше елиминирана од него, но Израел не.

Џеј-Џеј рече дека верува оти Израел не треба да учествува на Евровизија следната година поради војната во Газа.

– Многу е разочарувачки да се види дека Русија е елиминирана, а Израел сè уште учествува во натпреварувањето. И двете земји се агресори кога станува збор за војна. ЕБУ не презеде ништо во врска со тоа. Да беше до мене, ќе ги исклучев од натпреварот. Ќе видиме дали нешто ќе се промени следната година, можеби ќе биде пофер кон другите и можеби следната година гласањето ќе биде под подобар надзор – рече тој.

Да потсетиме дека претставничка на Израел оваа година беше Јувал Рафаел, а таа беше опкружена со бројни скандали за време на натпреварувањето.

Таа ја отпеа песната „New Day Will Rise“, а за време на нејзиниот настап, цело време имаше свирежи од публиката, а беше развеано и палестинското знаме, кое немавме можност да го видиме на малите екрани.

Израелскиот јавен радиодифузен сервис „Кан“ поднесе пријава до полицијата во Базел во врска со наводни закани со смрт кон претставници на оваа земја.

Пред почетокот на второто полуфинале, се случи инцидент на генералната проба. Имено, за време на генералната проба пред вечерашниот настап на второто полуфинале на Евровизија 2025, шест лица, меѓу кои и членови на семејството, го прекинаа настапот на израелскиот пејач Јувал Рафаел. Тие носеа големи палестински знамиња и свирчиња, а обезбедувањето мораше да ги исфрли од салата, соопшти организацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy