Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хуманитарна трка во чест на Иле од Кочани – возачот херој од Брзата помош кој 11 пати возеше до Скопје
Македонија

Хуманитарна трка во чест на Иле од Кочани – возачот херој од Брзата помош кој 11 пати возеше до Скопје

26/08/2025

AA

На 6 септември ќе се одржи првото издание на хуманитарната трка „Голак Треил“, спортски настан кој комбинира планинско трчање и брзо одење по делници низ живописните предели на планината Голак. Трасата е внимателно избрана и ќе опфати совладување на одредена надморска височина, нудејќи уникатно спортско и рекреативно искуство.

Оваа година трката е посветена на Иле Гоцевски, возач во Брзата помош од Кочани, кој трагично почина, а зад себе остави пример на хуманост и пожртвуваност. Во негова чест, патеката ќе биде долга 11 километри, бројка која симболично го претставува бројот на неговите возења до Скопје во обид да спаси човечки животи.

Настанот е отворен за сите љубители на спортот, природата и авантурите. Средствата од котизациите ќе бидат донирани на организацијата Support Кочани, со што настанот добива силен хуманитарен карактер.

Главната цел на „Голак Треил“ е промоција на природните богатства на планината Голак и поттикнување на активниот туризам во источниот регион на Македонија. Планината е позната по својата специфична комбинација на три клими – континентална, планинска и медитеранска, што ја прави вистинска „воздушна бања“ и идеално место за рекреација и спорт.

„Со оваа трка сакаме да придонесеме за развој на планинскиот туризам и да го вклучиме Делчево и околината во туристичката мапа на Македонија. Источниот регион има голем потенцијал, кој преку вакви иницијативи може да се развива и да создава нови можности за локалната заедница. Веруваме дека ќе поттикнеме повеќе луѓе да се свртат кон здрав живот, спорт и активен одмор во природа“, порачуваат организаторите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45635
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен ветер

11/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари – нема повредени

11/09/2026

Голем пожар ноќеска избувна во трговски објект во скопската општина Шуто Оризари, при што изгореа повеќе од дваесет дуќани. Според

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто, дизелите убедливо доминираат

11/09/2026

Македонија во последните години бележи значителен пораст на бројот на автомобили, но и покрај сè поголемата застапеност на хибридните и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy