Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Три медали за македонските каратисти на Европската универзијада – злато за Ангела Мојсовска
Македонија

Три медали за македонските каратисти на Европската универзијада – злато за Ангела Мојсовска

26/08/2025

AA

Македонските универзитетски каратисти остварија извонреден резултат на Европската универзијада во боречки спортови, што се одржа во Варшава, Полска. Нашите натпреварувачи се враќаат со вкупно три медали – златен, сребрен и бронзен, во конкуренција на студенти-спортисти од над 400 универзитети ширум Европа.

Најсјајниот медал го освои Ангела Мојсовска во категоријата до 68 килограми, студентка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа во финалето ја совлада противничката од Косово со резултат 4-3, носејќи и злато на Македонија.

Со сребрен медал се закити Љупче Михајлов (до 75 кг), студент на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кој во финалната борба беше поразен од турски каратист. Бронзеното одличје му припадна на Викторија Јовановска (до 61 кг), која со силна борбеност се избори за место на пиедесталот.

Вредни за почит се и пласманите на Петар Заборски и Јована Мицовска, кои го завршија натпреварувањето на петтото место.

Овој успех уште еднаш ја потврдува силата и традицијата на македонското карате, а младите студенти-репрезентативци се пример за тоа дека со труд, дисциплина и посветеност можат паралелно да се постигнат врвни резултати и во спортот и во академијата.

Македонскиот тим од Варшава се враќа со голема причина за гордост – три медали и порака дека иднината на нашиот спорт е светла.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy