Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сакам да работам“ до „Шанса за Центар“: Не терајте дневна политика со игрите на среќа, така не се заштитува младината
Македонија

„Сакам да работам“ до „Шанса за Центар“: Не терајте дневна политика со игрите на среќа, така не се заштитува младината

04/02/2026

AA

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“, во врска со денешната објава на политичката групација „Шанса за Центар“ за бројот на легални објекти за игри на среќа на територијата на Општина Центар, смета дека во интерес на објективно информирање на јавноста е важно да го потенцираме следното:

Легалните игри на среќа веќе со години се предмет на невидена негативна кампања во која се користат сите дозволени и недозволени средства за оцрнување и обид за нивно дефинирање како најголеми општествени штетници. Притоа, свесно се игнорираат аргументите кои јасно и недвосмислено, преку конкретни примери од соседството, ставаат до знаење какви последици имаат државите каде игрите на среќа биле забранети одреден временски период. Она што е симптоматично е што различни политички актери упорно се обидуваат да печалат поени на темата игри на среќа, манипулирајќи со податоци кои внесуваат страв и паника меѓу родителите создавајќи лажна перцепција дека приредувачите на легалните игри на среќа имаат економски интерес малолетници да влегуваат во нивните објекти. Можеме да ги броиме објектите за игри на среќа во центрите на повеќе европски метрополи, но не сметаме дека тоа е вистинската аргументација за тоа дали тоа е формулата за заштита на младината.

Ние одамна тврдиме дека барањата за дислокација на  легалните објекти за игри на среќа, со воведување на дистанца од училиштата и верските објекти или нивно дислоцирање надвор од урбаните средини, што во една или друга варијанта е вовед во нивно целосно затворање, секако е внесување на приредувањето на игри на среќа во црна зона во која ќе почнат да се организираат во подруми, како во 90-те години од минатиот век, без никаква контрола од државата, каде младината ќе биде под поголем ризик. Во Македонија се применува Закон за игри на среќа, кои е еден од најстрогите на Балканот и содржи европски и светски стандарди за регулирање на оваа економска гранка, а особено за забрана на влез на малолетници во сите легални објекти со лиценци за приредување игри на среќа. Во Албанија уште од октомври 2022, нивниот Премиер се откажа од забраната на игрите на среќа, со образложение дека тамошната забрана предизвикала епидемија од организирање игри на среќа на црно.

Како Здружение не сме против да се изнајдат решенија кои ќе дадат одговори на грижите на граѓаните. И меѓу нас има родители на малолетници и затоа воопшто не ни е пријатно кога законската дејност во која го вадиме лебот некој упорно сака да ја претстави како штетник за младите. Меѓутоа, сите критичари на легалните игри на среќа треба секогаш да ги имаат во предвид следните факти. Затворањето на легалните игри на среќа по автоматизам ќе предизвика отворање на диви играчници каде младите ќе бидат под далеку поголем ризик. Младите преку мобилните уреди се под перманентна закана од различни нелегални платформи за онлајн игри на среќа. Заблуда е дека излозите на легалните игри на среќа ги привлекуваат да играат, бидејќи по истата логика ќе треба да се затворат сите кафулиња и тобака за да минувачите немаат никаков визуелен контакт со никотин и алкохол. Сите форми на приредувачи на игри на среќа вработуваат речиси 10 илјади граѓани и се најголем приватен работодавец во Македонија и секоја година во Буџетот од легалните приредувачи се слеваат на приходната страна најмалку 280 милиони евра. Доколку се затворат легалните игри на среќа сите ние стануваме кандидати за иселување во ЕУ, каде повторно ќе работиме во истата дејност за која стручно сме се усовршиле овде.

Нашата порака е: Младината не се заштитува со внесување на игрите на среќа во дневна политика!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy