Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сања и Ивана, најдобри другарки и бизнис партнерки: Кога ќе ни здодее сè, одиме на одмор без мажи
Магазин

Сања и Ивана, најдобри другарки и бизнис партнерки: Кога ќе ни здодее сè, одиме на одмор без мажи

27/03/2023

AA

Актерките Сања Арсовска и Ивана Павлаковиќ за најмладата публика веројатно секогаш ќе бидат Лина и Марија, ликовите од познатата детска серија „Пет плус фамилија“. Да се биде детски идол е убаво чувство, велат актерките, но и голема одговорност, воопшто и за нив како глумици и за ликовите кои ги играат. Неодамна пак, двете актерки, кој и приватно многу се дружат го отворија нивното заедничко драмско студио „Арт бригада“. Велат дека на оваа идеја се особено горди затоа што е ова е вистински начин да направат нешто повеќе за децата и за нивното неформално и уметничко образование.

„Едно јануарско утро додека седнавме и пиевме чај размислувавме што можеме ние да направиме заеднички, а тоа да биде од корист. Се решивме за драмското студио на кое сме многу горди. И еве за скоро два месеци имаме две групи деца. И убаво е кога гледаме дека правиме нешто корисно. Деновите таму со децата поминуваа лудо, интересно, оти тие се мали, ама многу бистри и со големи умови“, раскажуваат актерките.

Пријателството меѓу Сања и Ивана почнало уште во студентките денови на ФДУ. Сања вели: Во тоа време кога бевме помлади, бевме и со повеќе килограми, колегите на факултет ми велеа, ’личиш со една девојка тука што студира‘. Поттикната од тоа отидов да го гледам испитот на Ивана, раскажува Сања Арсовска, на што Ивана се наполнува: ’Јас пак ја памтам Сања, исто на студии, на пауза некоја, од никаде се појави со косата долга, извади една огромна јаболка, јаде, пафта со раце зборува, се во исто време … Кликавме на прва.

Во разговорот за Репортер ни открија дека на одмори одат заедно, особено кога сакаат да одморат од се. Велат: Кога се ќе ни збоктиса, од се, одиме сами без партнери на одмор. И супер ни е, нема кој да не нервира.

Сања е во брак со Никола и го имаат синот Марко, Ивана пак е во љубовна врска со Мирко. И двете велат дека никогаш немале проблем со партнерите во однос на професијата. „Кога станува збор за глумата, играње на послободна сцена, или кога треба да се разголиш затоа што улогата е таква, секогаш ја имаме поддршката. Тоа е најважно од се, кога си со некој човек во љубов и кој те разбира“, велат актерките.

Сања е вработена во Драмски, Ивана за жал сè уште не, но и покрај тоа таа не се откажува од целта дека таа и нејзините исто така невработени колеги, треба да се дел од театрите во Македонија.  Со Ивана и Сања, за нивното пријателство, драмското студио, за она што ги поврзува, колку се слични, а колку различни … гледајте го интревјуто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy