Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДАС по средбата во МОН: Ќе биде намален обемот на тестовите по мајчин јазик
Македонија

ОДАС по средбата во МОН: Ќе биде намален обемот на тестовите по мајчин јазик

27/03/2023

AA

Добивме известување дека ќе биде намален обемот на тестовите по мајчин јазик и дека банките со прашања за интерните предмети ќе бидат достапни најмалку четири седмици пред полагањето на конкретниот испит, соопшти ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите), чии претставници попладнево беа на средба со министерот Јетон Шаќири.

– На барање на Министерството за образование, ОДАС одржа состанок со министерот Јетон Шаќири, директорка на Државниот испитен центар, Благица Павловска и државна секретарка во МОН, Анета Трпевска. На состанокот се разговараше за барањата на средношколците во врска со полагањето на државната матура, соопшти ОДАС.

ОДАС беше организатор на протестот пред МОН на 17 март и нивното барање беше да се намали обемот на материјалот за полагање на државната матура или, како алтернатива, да се намали бројот на интерни испити.

Пред денешната средба во МОН, претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, изјави дека очекува повторно да ги искажат нивните барања и нагласи дека поради многу изгубени часови и загубен квалитет на наставата, најдобро е обемот на материјалот за испитите на матурата да биде намален.

– Нашите барања се скратување на обемот на материјалот предвиден за полагање на државната матура за оваа година. Тоа е поради големиот број фактори кои мошне негативно влијаеја на нашето образование, квалитетот на настава и бројот на часови што беа реализирани. Во корона-кризата наставата беше онлајн, дојавите за бомби беа актуелни до пред некое време и наголемо ја попречија наставата, секој ден учениците беа евакуирани од училиштата, а секако, имаше и протести на просветните работници и штрајкот на вработени во ЈСП што го попречи доаѓањето на голем број ученици на училиште, изјави Угриновска пред средбата во МОН.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА ПОБЕДА ВО БРВЕНИЦА ВО ПРВИОТ КРУГ Инвестирани 114

14/10/2026
Македонија

ВО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ ДУВА СЕВЕРЕЦ Времето ќе биде

14/10/2026
Македонија

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери

14/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата

14/10/2026
Македонија

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е

14/10/2026
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА СО ФБИ Кривична за 20-годишник

14/10/2026
Македонија

АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д. ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА

14/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ЈА ПОКАНИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО ТИМОТ ШТО ЌЕ ВОДИ ДИЈАЛОГ

14/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46169
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА ПОБЕДА ВО БРВЕНИЦА ВО ПРВИОТ КРУГ Инвестирани 114 милиони денари, проектите ќе продолжат

14/10/2026

Инвестиции вредни 114 милиони денари се реализираат во општина Брвеница, а проектите ќе продолжат и во наредниот период со поддршка

ВО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ ДУВА СЕВЕРЕЦ Времето ќе биде стабилно, сончево, со умерена облачност

14/10/2026

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува засилен до силен

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери му одзеле пиштол на полицаец,

14/10/2026

Полицијата поднесе кривични пријави против 3 лица за сторени кривични дела Спречување службено лице во вршење службено дејствие и Неовластено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy