Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОН донесе одлука: Годинава ќе има дополнително олеснување на полагањето државна матура
Македонија

МОН донесе одлука: Годинава ќе има дополнително олеснување на полагањето државна матура

27/03/2023

AA

Министерството за образование и наука во допис до медиумите информира за прифатените барања на Сојузот на средношколци кои денеска имаа средба со министерот Јетон Шаќири.

– Ќе се споделат материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред интерниот испит со број на прашања трипати поголем од бројот на прашања на испитот, ќе им се препорача на универзитетите првиот екстерен испит да биде соодветен на сите студиски програми, а ќе се препорача и промена на соодносот на поените меѓу екстерните и интерните испити при упис, во корист на интерните. Ова се барањата од Сојузот на средношколци за адаптирање на државната матура коишто беа прифатени од Министерството за образование и наука, а денеска на средба со нив, им беше соопштено од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, наведува МОН.

Поради веќе донесениот Календар за оваа учебна година, наведува МОН, на претставниците на Средношколски сојуз им било појаснето дека не е можно одложување на датумот на првиот екстерен испит, што е едно од барањата на Сојузот.

– Оттука, како дополнително и компромисно решение, беше понудено намалување на обемнсота на тестот по мајчиниот јазик преку дополнување на Концепцијата за полагање државна матура, училишна матура и завршен испит во јавното средно образование, соопштува Министертсвото.

МОН го пренесува и ставот на министерот Шаќири дека има согласност со голем дел од барањата на Сојузот за олеснување на процесот на полагање имајќи предвид, како што вели, „на кој начин оваа генерација матуранти ја следеше наставата“.

– Токму во таа насока и ќе воведеме олеснување при полагањето на тестот по Мајчин јазик да се намали по обемност, односно да носи од 60 до 80 поени, а не како досега од 80 до 100 поени. Ова подразбира и дека во содржината на тестот ќе има намалување на бројот на прашања поврзани со способноста литература, што како предлог од Сојузот на средношколци беше прифатено, вели Шаќири.

Како особено важно барање од Сојузот на средношколци Шаќири го истакнал барањето за споделување на материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред денот на испитот, за што на присутните средношколци им посочил дека тоа е прифатено, а бројот на прашања во банките ќе биде трипати поголем од бројот на прашања на испитот, како што и било побарано.

– Едно од барањата на учениците околу државната матура – Владата да им препорача на сите универзитети во земјава првиот екстерен предмет – Мајчин јазик (македонски, албански и турски јазик) и литература да го сметаат за соодветен, со што ќе се зголеми неговиот придонес во поените за државната матура, но ќе се покаже дека државата го негува и се грижи за мајчиниот јазик, од страна на Државниот матурски одбор и Министерството за образование и наука е прифатено и за истото министерот Шаќири ќе испрати допис до сите универзитети во државата со препорака на која искрено се надева дека ќе биде позитивно прифатена и имплементирана, наведува МОН.

Приоритет на Владата, според министерот, е организирање на државна матура која ќе биде според сите законски прописи. – Воедно и да ги слушнеме барањата и потребите на матурантите знаејќи дека од државната матура за нив зависи запишувањето во високообразовни установи во државава и во други земји, смета Шаќири.

– Со одлуките на МОН и на другите надлежни институции, донесени во интерес на матурантите, беа запознати и претставниците на ОДАС – Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците, кои исто така присуствуваа на средба во МОН, наведува Министерство за образование и наука.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy