Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЀ УШТЕ ТЕЧАТ ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ МТЕЛ И НЕОТЕЛ ЗА АКВИЗИЦИЈА – српската компанија не се откажува да стане газда на домашниот оператор
Економија

СЀ УШТЕ ТЕЧАТ ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ МТЕЛ И НЕОТЕЛ ЗА АКВИЗИЦИЈА – српската компанија не се откажува да стане газда на домашниот оператор

29/01/2024

AA

Сѐ уште течат преговорите меѓу МТЕЛ и Неотел за
преземање на македонскиот телекомуникациски оператор од страна на фирмата ќерка
на српски Телеком.

Ова го потврдуваат од МТЕЛ за Фактор, откако нашата
редакција се интересираше дали и натаму е актуелна таа можна деловна зделка, а
врз основа на гласини кои ги добивме, и според кои наводно, пропаднало
купувањето на Неотел од страна на МТЕЛ.

Но, од МТЕЛ за Фактор тврдат дека преговорите со
Неотел не само што не се пропаднати, туку се уште течат, при што од српската телекомуникациска компанија очекуваат
дека тие ќе завршат успешно.  

„Ви благодариме за интересот за активностите на
нашата компанија. Во однос на Вашите прашања би сакале да истакнеме дека
преговорите кои ги водиме со компанијата ‘Неотел’ не се пропаднати. Во рамки на
нашата стратегија за понатамошно ширење во Северна Македонија, очекуваме дека
преговорите со Неотел ќе бидат завршени успешно. Во моментот кога ќе имаме
конкретни резултати од овие преговори благовремено ќе ја известиме јавноста“,
велат во својот одговор до Фактор од компанијата МТЕЛ.

Оттаму нагласуваат и дека МТЕЛ, како членка на Телеком
Србија Групацијата и компанија насочена кон континуиран раст и збогатување на понудата
на услуги кон корисниците, во своите деловни планови има понатамошно проширување
на македонскиот пазар, а со тоа и, како што велат, зацврстување на позицијата на
лидер на Телеком Србија Групацијата во регионалниот телекомуникациски
сектор.

Инаку, овие шпекулации околу МТЕЛ и Неотел се
проширија веројатно и поради една непријатна информација во април лани, откако
ненадејно почина Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на НЕОТЕЛ.Черепналковски
управуваше со НЕОТЕЛ повеќе од 15 години и ја водеше компанијата низ сите
предизвици, успевајќи да ја етаблира во реномиран и доверлив партнер како на
домашно така и на интернационално ниво, соопштија тогаш од
Неотел.

А,
само еден месец претходно, Фактор објави дека „МТЕЛ“, компанија ќерка на „Телеком Србија“,
која од 2021 година е присутна на македонскиот пазар, го купува
телекомуникацискиот оператор во земјава „Неотел“. За оваа информација Фактор тогаш
доби потврда и од
„МТЕЛ“, од каде
наведоа дека компанијата успешно ги
завршила преговорите за аквизиција на „Неотел“.

„Во оваа фаза можеме да
потврдиме дека согласно нашата деловна определба да обезбедиме подобри услуги
за нашите корисници и нашата политика и стратегија за ширење на деловното
работење во регионот на Западен Балкан и Европа,  успешно ги завршивме
преговорите за аквизиција на телекомуникацискиот оператор ‘Неотел’. Но, како што е пракса при ваквите стратешки инвестиции, и согласно
законските норми, за комплетирање на целата постапка на преземање неопходно е
да се изјаснат и надлежните регулаторни институции во државата. Во интерес
на успешно завршување на оваа аквизиција би сакале да ги почекаме нивните
конечни одлуки, по што би можеле со целосна сигурност да кажеме дека оваа зделка
е заклучена“, се вели во одговорот кој го добивме од „МТЕЛ“.

Но, и тогаш имавме објавено
дека пред
да се случи оваа аквизиција, одобрување треба да даде и Комисијата за заштита
на конкуренцијата во земјава.

Оттаму
наведоа дека „по однос на релевантниот пазар на стоки за предметната
концентрација, подносителот предлага дека истиот би можел да се дефинира како
малопродажен пазар за давање услуги на широкопојасен фиксен пристап до
интернет, малопродажен пазар за давање на услуги за дистрибуција на медиска
содржина и малопродажен пазар за давање на услуги на фискна телефонија.

„Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека
предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита
на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.
Комисијата ги повикува сите заинтересирани страни да достават забелешки и мислења
за оваа концентрација до Комисијата, во рок од 10 дена од денот на објавување
на ова известување“, беше нагласено во тогашната објава од Комисијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy