Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГИ ИСМЕВАШЕ КИНЕСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ, НО ЌЕ ПРЕТРПИ ГОЛЕМ УДАР: Маск сега мисли дека и би можеле да го урнат Тесла
Економија

ГИ ИСМЕВАШЕ КИНЕСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ, НО ЌЕ ПРЕТРПИ ГОЛЕМ УДАР: Маск сега мисли дека и би можеле да го урнат Тесла

29/01/2024

AA

Tesla е
највредниот производител на автомобили во светот со значителен раст на
продажбата. Сепак, поради растот на продажбата на електрични возила од други
производители, американската компанија ги ревидираше своите продажни цели.

Компанијата беше
принудена да ги намалува цените на своите автомобили повеќе од една година за
да ја зголеми продажбата поради растот на конкуренцијата. Резултатот е што лани
ги зголемила испораките за 38 проценти во однос на претходната година. Сепак,
нејзините очекувања беа дека ќе има годишна стапка на раст на продажбата од 50
проценти, пишува Klixba.

Во Tesla
претпоставуваат дека нивната стапка на раст оваа година ќе биде значително
помала од минатата година, што негативно се одразува на цените на нејзините
акции. Во последниот квартал од 2023 година, Tesla ја загуби позицијата на
светски лидер во продажбата на електрични возила. Таа позиција отиде во рацете
на кинескиот BYD.

Во обраќањето до
пазарните аналитичари, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, изјави дека
кинеските производители на автомобили се најконкурентни автомобилски компании
во светот и дека ќе постигнат значителен успех надвор од Кина.

Тој го изјави ова
во моментот кога BYD, чиј акционер е американскиот мултимилијардер Ворен Бафет,
почна да ги освојува странските пазари. Тој се обврза да отвори фабрика во
Унгарија, која треба да биде првиот производствен капацитет на компанијата во
Европа.

Зголемената
конкурентност на BYD и другите кинески производители на автомобили доведе до
истрага во Европската унија поради сомневање за дампинг, односно дека кинеските
автомобили се увезуваат по цена што е пониска од цената на националниот пазар.
Ова може да резултира со зголемување на тарифите за кинеските возила. Како што
објави CNN, Маск, кој некогаш се потсмеваше на кинеските производители на
електрични возила, сега верува дека тие претставуваат егзистенцијална закана.

„Искрено, мислам
дека ако не се воспостават трговски бариери, повеќето од другите автомобилски
компании во светот ќе пропаднат“, рече Маск.

Целта на Tesla за
раст на продажбата од 50 отсто е клучна за растот на акциите и за да стане
највредниот производител на автомобили во светот, и покрај тоа што испорачува
многу помалку возила од познатите производители, пишува CNN.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни

19/11/2026
Македонија

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На

19/11/2026
Македонија

ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА ЗА СИТЕ, ПА И ЗА

19/11/2026
Македонија

УКИМ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА, МОН ЌЕ ГО ПЛАТИ

19/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ 438.042 ОВЦИ И КОЗИ ПРОТИВ СИПАНИЦА Имунизацијата

19/11/2026
Македонија

СТРУЖАНИ, ПЛАТЕТЕ КОМУНАЛНА ТАКСА! Следната недела Општината почнува со присилна

19/11/2026
Македонија

ПО ТРИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА, ДОЈАВА ЗА БОМБА И ВО СРЕДНОТО

19/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46849
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот на патријархот Кирил

19/11/2026

Делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 19 ноември 2026 година пристигна во Москва, за да учествува во

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни врнежи и ветар до 80

19/11/2026

Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен ветер со брзина од над 80 километри на час во текот на ноќта

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На Стојан Чифлигароски затворскиот притвор му

19/11/2026

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје го заменил затворскиот притвор со куќен притвор за битолскиот бизнисмен Стојан Чифлигароски, осомничен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy