Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЀ МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ, САМО СДСМ ОСТАНУВА ПРОГОНИТЕЛ Македонската асоцијација на новинари одоговори на кривичната пријава од опозициската партија
Македонија

СЀ МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ, САМО СДСМ ОСТАНУВА ПРОГОНИТЕЛ Македонската асоцијација на новинари одоговори на кривичната пријава од опозициската партија

16/04/2026

AA

Македонската асоцијација на новинари (МАН) од објави на порталите дознава дека политичката партија СДСМ поднела кривична пријава против правни и физички лица во врска со телевизијата Алфа зa перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги, меѓу кои „Таргет медиа“ Скопје, „Алфаскоп“ ДОО, потоа сопственикот и основачот на „Таргет медиа“, како и управителите на „Таргет Медиа” и „Алфа Скоп” ДОО.

„Подносителот на пријавата, политичката партија СДСМ не дава докази или околности во врска со своето тврдење, туку наведува во што се сомнева, а сомневањето не го поткрепува.

Вака поднесена кривична пријава ја сметаме за експлицитен и брутален притисок врз ТВ Алфа против која СДСМ води јавна војна веќе со години наназад.

Потсетуваме дека СДСМ беше на власт 7 години, и тоа во периодот кој го посочува дека се извршени делата за кои тие се сомневаат и денеска поднеле кривична пријава. Доколку имало незаконско работење на ТВ Алфа во тие 7 години, преку владините институции и судовите под нивна контрола СДСМ можеле тогаш да поднесат кривична пријава и да очекуваат процес.

Но, и покрај сите контроли од сите институции на владата на СДСМ, не се утврдени кривични дејствија ниту пак се утврдени некакви неправилности во работењето на ТВ Алфа и пријавените во кривичната пријава.

Откако СДСМ не утврдиле незаконитости и неправилности во период на нивното владеење за кое се однесува кривичната пријава, сега бараат институциите од новата влада да најдат нешто што тие не го нашле и што не постои.

Таргетирањето на политичка партија и ваков брутален притисок кон еден медиум со национална фреквенција, МАН и јавноста го доживуваат како обид за уништување на слободата на јавното мислење и новинарската професија.

А кога веќе отвора прашање за перење пари преку маркетинг, обвинителството и СДСМ треба да седнат и утврдат дали и како се переле пари за партиски потреби на СДСМ преку Фондацијата Заеви и преку маркетинг агенцијата Токио, која се поврзува со нивниот поранешен премиер Димитар Ковачевски.

Уште еднаш го повикуваме јавното обвинителство по службена должност да си преземе мерки против политичката партија СДСМ и нејзините функционери согласно член 382 и 383 од Кривичниот закон, бидејќи, заканите кон новинар, снимател или друг медиумски работник и медиум кој врши професионална задача се третира како напад врз службено лице“ – се вели во соопштението на Македонската асоцијација на новинари (МАН)

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44978
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е организиран напад и ќе заврши

12/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше гласините кои се шират по социјалните мрежи и затворените родителски групи

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не се вратил во „Идризово“ –

12/08/2026

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги појаснува законските и медицинските причини за прекинот на издржувањето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy