Рускоска за чувството на премиерот: „Може да доаѓа и од полицијата, а не само од обвинителството“
Поранешната обвинителка за организиран криминал, Вилма Рускоска, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, ги коментираше актуелните изјави на премиерот за можни истраги и притвори за поранешни владини функционери, анализирајќи ги механизмите на моќ во државата.
На прашањето како ги толкува најавите на премиерот дека „се чувствува“ оти наскоро ќе се отвораат истраги за претходниот владин состав, Рускоска укажа на тоа дека изворот на таквите информации не мора секогаш да биде обвинителството.
„Чувството на премиерот не мора да значи дека е од обвинителот. Може да е и од полицијата“, појасни Рускоска, алудирајќи на оперативните податоци до кои МВР има пристап пред тие да се процесираат до обвинителска истрага.