Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рускоска за „27 април“: Светот ги виде доказите, политичарите треба да дадат оставка ако не ги исполнуваат ветувањата
Македонија

Рускоска за „27 април“: Светот ги виде доказите, политичарите треба да дадат оставка ако не ги исполнуваат ветувањата

23/04/2026

AA

Поранешната обвинителка Вилма Рускоска, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, децидно порача дека не постојат нови докази кои би можеле да ја соборат пресудата за упадот во Собранието од 27 април, а истовремено упати остри критики до политичарите за нивната недоследност.

На прашањето за најавите за повторување на постапката, Рускоска истакна дека е убедена во стабилноста на пресудата, бидејќи таа не почива само на зборови, туку на непобитни материјални факти кои биле јавно презентирани.

„Доказите ги видовме сите, не само ние во судницата, туку целиот свет. Најодговорно тврдам дека ниту еден исказ на сведок не е сокриен. Пресудата не се темели на вербални искази, туку на материјални докази. Кој е тој нов доказ што може да го оповргне она што сите го видовме на снимките?“, прашува Рускоска.

Рускоска се осврна и на ветувањата на актуелната власт и претседателката Сиљановска-Давкова за амнестија на осудените за 27 април. Таа нагласи дека нема ништо против таквиот чекор, потсетувајќи дека и претходната власт веќе амнестираше дел од обвинетите, но ја подвлече моралната одговорност на политичарите.

„Они си ја напишаа програмата, јас не им ја пишував. Зошто не го реализираат тоа што го ветија? Тоа е прашање за нив.“, вели таа.

Според неа, во секоја демократска држава надвор од Балканот, политичарот кој нема да го реализира ветеното поднесува оставка. „Зошто ние го немаме тоа достоинство?“, прашува таа.

Во емотивен завршек на разговорот, Рускоска ја дијагностицираше состојбата во македонското општество како „крајно апатична“. Таа изрази разочарување што граѓаните не протестираат за своите права, додека младите веќе не гледаат иднина во државата.

„Младите, кои треба да го покренат процесот на промени, воопшто не се трудат бидејќи не ја гледаат својата иднина овде. Гледаат само да завршат факултет и да заминат. Тоа е најголемиот пораз за нашето општество“, заклучи Рускоска во „Ноќно студио“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy