
Руски беспилотни летала погодија цивилни објекти во украинскиот град Харков
Руски беспилотни летала погодија цивилни објекти во украинскиот град Харков.
Локалните власти пријавија штета на два станбени блока, објави Ројтерс.
Во една од погодените згради избувнал пожар.
Гувернерот на регионот Харков изјави дека во нападот била оштетена цивилна инфраструктура. Според него, градот бил нападнат со најмалку шест дронови.
Пријавени се три повредени.
