Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Со попуст од 50 проценти за секоја влезница културата ја правиме подостапна за младите
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Со попуст од 50 проценти за секоја влезница културата ја правиме подостапна за младите

31/01/2024

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во својот кабинет се сретна со претставници на Универзитетското студенско собрание при што беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Со Меморанудум е уреден студентски попуст од 50 проценти на влезниците за сите студенти кои што имаат индекс со заверен семестар за влез и следење на програмите на националните установи од областа на културата“, рече министерката за култура во изјавата за медиумите.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека со овој Меморандум се опфатени сите национални установи во Република Северна Македонија. Таа потенцираше дека Меморандомот нуди повеќе придобивки за студентите и додаде:„Студентите ќе имаат еднаква можност за достапност на културната сцена, ќе се зголеми нивно присуство во културните установи, ќе имаат можност да ги посетат сите културни настани во Република Северна Македонија кои што ги организираат сите национални установи во државата, ќе помогнеме за олеснување на нивниот стандард, нешто од што беше потегната и оваа иницијатива“.

Министерката за култура потенцираше дека студентите, односно младите се во фокусот од почетокот на нејзиниот мандат. Министерката потсети дека и во Законот за култура кој е во подготовка, се предвидуваат работни места, категории со нула работно искуство, односно со таа регулатива ќе им се овозможи на младите веднаш да имаат условиза вработување во националните установи. „Заради големиот дефицит на стручни кадри, пратениците во Собранието поднесоа и Закон а имена на Законот за игрите на среќа со што ќе ги стипендираме дефицитарни кадри. Со тоа студентите кои би биле стипендирани преку оваа програма, веднаш ќе можат да бидат вработени во некоја од националните установи од областа на културата“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура изрази благодарност до студентите за иницијативата и порача дека таа како министерка и целата Влада остануваат посветено да работат на подобрување на студентскиот стандард и на програмите кои обезбедуваат подобра иднина и оставрување на правата и потребите на младите луѓе.

Претседателот на Универзитетското собрание Александар Николовски поздравувајќи ја професионалноста на министерката за култура и соработката со Министерството, истакна дека потпишувањето на Меморандумот е потврда на нивните заложби за поддршка на студентите во државата, и дека оваа соработка придонесува за подобрување на студентскиот стандард, за поттикнување на критичкото размислување и унапредување на културната, историската и уметничката свест кај младите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во

01/05/2026
Македонија

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026
Македонија

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство

01/05/2026
Македонија

Во водите на Преспанско езеро пронајдена граната!

01/05/2026
Македонија

74-годишен пензионер нападнал дете во маркет во Штип

01/05/2026
Македонија

Мицкоски: Субјекти користат повластени цени и вршат реекспорт на бензинот

01/05/2026
Македонија

Кривична пријава против Костадин Костадинов и уште четири лица за

01/05/2026
Македонија

„За плата се бориме, не се молиме“: ССМ со масовен

01/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43011
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска

01/05/2026

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека лицата инволвирани во обидот за опожарување на синагогата во Скопје биле дел од

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

01/05/2026

На 30.04.2026 во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy