Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грковска на безбедносен форум во Вашингтон: Партнерството со САД е клучно во справувањето со малигните влијанија на Балканот
Македонија

Грковска на безбедносен форум во Вашингтон: Партнерството со САД е клучно во справувањето со малигните влијанија на Балканот

31/01/2024

AA

Во рамки на посетата на САД, а во пресрет на утрешниот традиционален молитвен појадок во Вашингтон, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска учествуваше на безбедносниот форум на тема „Малигното кинеско и руско влијание на Балканот“.

Вицепремиерката Грковска во своето излагање посочи дека Северна Македонија отсекогаш била на крстосницата на различни влијанија, вклучително и оние штетните со кои се поткопуваше секој чекор што како држава го направивме за да станеме дел од Алијансата и да влеземе во ЕУ. За жал, како што истакна Грковска, овие влијанија не се намалија со влезот во НАТО, туку се интензивираа откако земјата се соочи со нови пречки во пристапувањето во Европската Унија

Во таков контекст, штетните наративи, лажните вести и дезинформациите се шират пошироко и подлабоко во општеството, нагласи Грковска и додаде: „Сето тоа е во интерес на агендите на земји од кои Северна Македонија, историски гледано, никогаш не видела ништо добро. А растечкиот евроскептицизам и антизападните чувства кои организирано се зајакнуваат, можат да имаат далекусежни последици врз стабилноста на нашето општество и на целиот регион.“

Во своето обраќање вицепремиерката изрази надеж дека Соединетите Американски Држави и во иднина ќе останат наш посветен сојузник и пријател кој континуирано ги поддржува напорите на Северна Македонија за унапредување на демократијата, за владеење на правото и за градење одржливи институционални капацитети за раст и развој.

„Без партнерството со САД, ние самите не би можеле да се справиме со малигните влијанија на непријателите на слободата и демократијата, ниту да ги спречиме метастазите што продираат во кревкото ткиво на нашето општество.“, заклучи Грковска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46656
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА Кочанец 3 месеци демнел жена

08/11/2026

Жена од Кочани 3 месеци била изложена на демнење и закани со објавување експлицитни фотографии и видеа, кои биле тајно

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени закони, 5 се донесени, другите

08/11/2026

Европската комисија го потврди сработеното од ЗНАМ во Министерството за правда во изминатите 2 години, оцени на партиска прес-конференција поранешниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy