Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РУСКА БАНКА ПОДНЕСЕ ТУЖБА ПРОТИВ JP MORGAN: За се е „виновна“ пченицата.
Економија

РУСКА БАНКА ПОДНЕСЕ ТУЖБА ПРОТИВ JP MORGAN: За се е „виновна“ пченицата.

23/11/2023

AA

Руската
земјоделска банка „Rosselkhozbank“ поднесе тужба до судот во Москва против „JPMorgan“,
американската компанија за финансиски услуги.

Ова го објавија
локалните медиуми, врз основа на податоците од онлајн руската база на податоци
за арбитражни случаи.

Оттука
произлегува дека тужбата е поднесена на 20 ноември и дека судот допрва треба да
го започне процесот. Сепак, во прикажаниот документ нема повеќе детали за
случајот.

Rosselkhozbank,
клучниот руски заемодавец во земјоделството, е главниот финансиски посредник за
рускиот извоз на храна и ѓубрива. Минатата година беше цел на западните санкции
и исклучена од меѓународниот платен систем SWIFT.

Но, повторното
поврзување на оваа банка со SWIFT беше едно од главните барања на Москва во
неуспешните преговори за Црноморската иницијатива за жито, што Русија ги
прекина во јули. Договорот, кој минатата година го склучија ОН и Турција,
требаше да ја олесни испораката на украинското жито на светските пазари, во
услови на конфликт меѓу Москва и Киев.

Договорот, исто
така, се очекуваше да помогне во укинување на западните санкции, кои го
попречија рускиот извоз на земјоделски производи.

Според Ројтерс,
САД во април 2023 година му дале дозвола на JPMorgan да ги обработува плаќањата
за земјоделски извоз преку Rosselkhozbank, според договорот за жито, а
аранжманот требаше да биде замена за повторното поврзување на банката со SWIFT.
Но, и оваа соработка беше прекината на почетокот на август, откако Москва во
јули се повлече од бизнисот со жито, соопшти руското Министерство за надворешни
работи.

ФОТО: Unsplash/Rajeev Ramdas

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44978
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е организиран напад и ќе заврши

12/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше гласините кои се шират по социјалните мрежи и затворените родителски групи

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не се вратил во „Идризово“ –

12/08/2026

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги појаснува законските и медицинските причини за прекинот на издржувањето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy