Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Русија стана втор најголем извозник во Индија
Економија

Русија стана втор најголем извозник во Индија

10/06/2023

AA

Во првиот квартал од 2023 година Русија извезла стока во вредност од 15,5 милијарди долари во Индија и со тоа станал втор најголем снабдувач на таа земја, покажуваат податоците на Министерството за трговија и индустрија на јужноазиската земја.

Според статистиката на одделот, извозот од Русија во Индија од јануари до март годинава е зголемен за 4,7 пати во споредба со истиот период минатата година. Извозот достигна вредност од 15,5 милијарди долари, што е највисок квартален показател во историјата.

Главниот снабдувач на стоки за Индија останува Кина. Сепак, извозот во првиот квартал од оваа година е намален за 15,4 отсто – на 22,6 милијарди долари. На трето место меѓу главните извозници во Индија се Обединетите Арапски Емирати (12,7 милијарди долари), а на четврто се Соединетите Американски Држави, чиј увоз во Индија е намален за 8,8 отсто на годишно ниво.

На петто место е Саудиска Арабија, која исто така го намали увозот за 10,9 отсто во однос на минатата година, пренесува Спутник. Од друга страна, извозот од Индија во Русија е зголемен за 33 отсто и достигна вредност од 946,6 милиони долари, додека трговскиот промет меѓу двете земји е зголемен за 4,1 пати – на 16,45 милијарди долари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни

09/08/2026
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026
Македонија

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина

09/08/2026
Македонија

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44924
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни снимки од поранешната партнерка

09/08/2026

На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во повеќе региони во земјата

09/08/2026

Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026

Центар за управување со кризи информира за пожари на отворен простор до 13:00 часот: Како што велат, регистрирани се вкупно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy