Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Русија се врати во најголемите десет светски економии
Економија

Русија се врати во најголемите десет светски економии

10/06/2023

AA

Врз основа на резултатите од минатата година, Русија се врати во првите десет најголеми економии во светот, што се случи за прв пат по осум години, покажуваат податоците на Светската банка и националните статистички служби.

Во текот на изминатата година Русија произведе стоки и услуги во вредност од 2,3 трилиони долари, што и овозможи да го заземе осмото место во светот според овој индикатор.

Последен пат Русија беше меѓу 10-те најголеми економии во светот во 2014 година, кога беше на деветтото место, со показател од 2,05 милиони долари. Минатата година таа беше на 11. место.

Најголема економија во светот минатата година беа Соединетите Американски Држави со номинален БДП од 25,46 трилиони долари. На второ место е Кина со 17,94, а на трето Јапонија со 4,17 трилиони.

Германија остана на четвртата позиција со БДП од 4,07 билиони долари, на петто место е Индија со 3,4 трилиони долари, Обединетото Кралство ја задржа шестата позиција со 3,07 трилиони долари, а Франција остана седма со 2,78 трилиони долари.

На деветтото место е Канада со БДП од 2,14 трилиони долари, додека Италија падна за две позиции за една година и стигна до десеттото место, со показател од 2,01 трилиони долари. Јужна Кореја испадна од првите десет и сега е на 13-та позиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
Македонија

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА

17/02/2026
Македонија

ТАВ Македонија и Виз ер најавуваат: Од јули директни летови од

17/02/2026
Македонија

ЦУК: Нема нови излевања во Тетово, 250 лица сместени во

17/02/2026
Македонија

НЕМА НОВИ ПОПЛАВИ И ОДРОНИ Се испумпува водата од поплавата

17/02/2026
Македонија

ПОРАДИ СНЕГ ВОВЕДЕНА Е ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА СТРАЖА На

17/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41549
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026

Министерството за одбрана се подготвува за нов бран вработувања во Армијата. Наскоро ќе биде објавен конкурс за прием на 300

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА Две нови линии од јули

17/02/2026

Убави вести за сите што сакаат да патуваа, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Две нови

ТАВ Македонија и Виз ер најавуваат: Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации

17/02/2026

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy