Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рудникот Иловица-Штука брана за „белата чума“ и клуч кој ќе ги отвара затворените врати на напуштените огништа?
Македонија

Рудникот Иловица-Штука брана за „белата чума“ и клуч кој ќе ги отвара затворените врати на напуштените огништа?

17/07/2023

AA

Едни на протест против, други со цврст став за отворање на рудникот Иловица-Штука. Тие што останаа дома и не го поддржаа протестот, којшто се одржа во Струмица, бараат да се отвори овој капацитет за, како што велат, селата целосно да не се испразнат и на тој начин да и се спротивстават на „белата чума“.

-Ние сме ЗА рудникот, бидејќи институции кажуваат дека неговото работење не е штетно по здравјето. Со отворањето на рудникот ќе се вработи овој народ, зашто од него можеме да имаме само ќар, а зијан не. Ќарот ќе е вработувањето, бидејќи ќе се вработат многу луѓе, многу млади. Ќе се вработат граѓани од општините Ново Село и Босилово и рудникот е предуслов за опстанок на овие две општини, смета Митко Иванов од село Штука.

Жители од Иловица и Штука својата иднина ја гледат во отворањето на рудникот и даваат поддршка за проектот на „Еуромакс ресоурцес“.

-Сите наши села се иселуваат и бараат спас во Словенија. Ова е една убава можност да се задржи народот тука, да си најде вработување и да остане да живее тука. Кој нешто им понудил на граѓаните за да се задржат тука? Тука во Иловица никој не смета дека со садење и берење тутун може да живее. Сточарите што мислат дека нема каде се напасува стоката-нема стока, има само еден што има овци и еден што има кози. Не држи вода нивниот муабет дека ќе нема стока, вели жител на Иловица.

Ги прашува активистите за заштита на животната средина зошто не реагираат на безмилосното уништување на шумата, од каде, според него, сто кубици огревно дрво се сече секој ден.

-Ниту еден од нив не е дојден да види зашто се пустоши Огражден. Ловците кои сакаат планината да им биде чиста ловат се живо и диво-и срни и млади диви свињи, додава тој.

Никола Стаменов од Штука, поранешен претседател на Федерацијата на фармери на Македонија, од самиот почеток на проектот е за отворање на рудникот. Смета дека аргументите за и против отворање на рудникот треба да се разменуваат на маса преку дијалог со помош на експерти од повеќе области.

-Ние кои сме за отворање на рудникот, а сме многу, сметаме дека покрај можностите за вработување се отвораат и големи можности за економски бенефит. На државата, во тој економски колапс што сега се случува, и е потребен свеж капитал за да ја заздрави економијата, бидејќи како што одат работите нашата економија оди силно низ удолница. Оваа инвестиција е примамлива и ќе донесе пораст на бруто домашниот производ, ќе донесе нова инфраструктура во населените места, ќе имаат бенефит и општините и регионот и државата. Токму заради јас и многу такви како мене сме за отворање на рудникот, бидејќи од неперспективност моите две деца заминаа во странство, изјави Стаменов.

Смета дека постарите кои останале тука се клучот на вратата, бидејќи по нивното природно заминување ќе нема кој да ги отвори вратите, а децата се низ белиот свет.

Апелира Владата и надлежните институции да ги слушнат и тие што за отворање на рудникот и да седнат на заедничка маса за да се најде решение и за таа цел да се формира независно тело кое ќе го контролира ископот и преработката на рудата и дали тоа се врши според пропишаните стандарди.

Огњан Лазаров смета дека само отворањето на рудникот може да ги покрене работите кон подобро.

-Рударството никаде во светот не е забрането со закон и затоа нашето барање е многу легитимно бидејќи рударството и високо доходовна гранка. Доволно е да се присетиме што значеше рударството во поранешната СФРЈ и кој пиедестал беше и затоа Југославија беше голема сила бидејќи имаше силно рударство. Заради сето тоа е формиран Рударско геолошкиот факултет во Штип, кој треба да едуцира кадри од оваа област, смета овој жител.

И тој како и другите смета дека најголем проблем во струмичкиот регион е „белата чума“ и затоа ако не се направи нешто радикално на тој план за повеќе од една деценија струмичкиот крај може да биде Мариово.

Според него, со отврањето на рудникот Општина Босилово од надоместоците за концесија во висина од околу 4 милиони евра што ќе ги добива од рудникот може само за една година да почне да го решава проблемот со канализацијата, но и други нерешени инфраструктурни проблеми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy