Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РОКОТ НАСКОРО ИСТЕКУВА, ДАВААТ 7.000 ЕВРА НЕПОВРАТНО ЗА ОТВОРАЊЕ БИЗНИС ВО СРБИЈА: Како функционира германската програма?
Економија

РОКОТ НАСКОРО ИСТЕКУВА, ДАВААТ 7.000 ЕВРА НЕПОВРАТНО ЗА ОТВОРАЊЕ БИЗНИС ВО СРБИЈА: Како функционира германската програма?

23/02/2025

AA

Претприемачите од дијаспората кои имаат идеја за започнување
сопствен бизнис во Србија сега имаат можност да добијат финансиска поддршка
благодарение на програмата што ја спроведува Германската организација за
меѓународна соработка (ГИЗ). Наскоро ќе биде отворен нов повик за аплицирање за
грантови, а сите заинтересирани ќе можат да аплицираат до 9 март преку
платформата diaspora2030.de.

Како функционира
програмата?

Според Снежана Антонијевиќ од ГИЗ, ова е глобална миграциска
програма во контекст на развој, која им овозможува на претприемачите да
аплицираат за финансиска поддршка. Процесот на аплицирање вклучува пополнување
формулар, изработка на бизнис план и поднесување на CV, по што на избраните
кандидати им се дава можност да ја презентираат својата идеја усно во период од
пет минути.

Со програмата се предвидени грантови во износ од 7.000 евра,
со кои може да се креира веб-страница, апликации, да се платат административни
трошоци при основање компанија, како и за различни услуги. Покрај финансиската
поддршка, на учесниците им се обезбедуваат и консултантски услуги кои ќе им
помогнат да се движат низ административните и правните процеси во Србија.

– Изборот на бизнис идеи се заснова на нивната иновативност
и потенцијал за развој, со посебен фокус на дигитализацијата, родовата
еднаквост, заштитата на животната средина и здравствениот сектор – нагласува
Антонијевиќ.

Искуства на успешни
претприемачи

Еден пример за успешна имплементација на бизнис идеја преку
оваа програма е советувалиштето за доење Сунчев зрак, кое во Србија го отвори
Јелена Периќ, педијатриска медицинска сестра од Минхен.

– Работев на неонатологија 12 години, а по специјализацијата
за доење решив да основам сопствено советувалиште. Со поддршка на ГИЗ и ментори
од Србија и Германија успеав да ја постигнам целта – вели Периќ.

Како најголеми предизвици при започнување бизнис ги посочува
бирократијата и правните пречки, но нагласува дека благодарение на нејзините
ментори успеала да ги надмине. „Добивме поддршка во секој сегмент – од основање
компанија, плаќање даноци, до проблеми со двојното оданочување. Сите информации
беа прилагодени на моите потреби“, додава таа.

Нејзиното советувалиште успешно работи веќе четири години,
организирајќи консултации преку Интернет и во живо, домашни посети и семинари,
а целта е да им обезбеди поддршка на родителите и да го олесни периодот на
доење.

Зголемен интерес за програмата

Програмата ГИЗ постои од 2011 година и низ неа поминале
голем број претприемачи од дијаспората.

– Предизвиците се менуваа со текот на времето – претходно
кандидатите имаа проблеми да дојдат во Србија и да го истражуваат пазарот,
особено за време на пандемијата. Денес, со поголема мобилност, гледаме се
поквалитетни бизнис идеи – вели Антонијевиќ.

Меѓу успешните проекти кои произлегоа од оваа програма се
апликацијата Spona на Михаило Вилигориќ, која ги поврзува српските
производители со менаџери ширум светот, како и софтверското решение Miles
Technology, кое ја оптимизира испораката на производите.

ГИЗ континуирано ја подобрува програмата, додавајќи вебинари
за инвестиции и претприемништво, како и поддршка од локални ментори.

– Со нетрпение очекуваме нови идеи и можност да им помогнеме
на луѓето од дијаспората да ги постигнат своите деловни цели во Србија –
заклучува Антонијевиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy