Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рокот истече, оглас нема: Собранието сè уште без постапка за нов член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Македонија

Рокот истече, оглас нема: Собранието сè уште без постапка за нов член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

10/02/2026

AA

Во период кога стивнуваат реакциите по последниот избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Мрежата за заштита од дискриминација го повика Собранието да ја испочитува законската обврска и да распише нов јавен оглас за избор на член на Комисијата.

Оттаму посочуваат дека по откажувањето на една предлог-кандидатка и изборот на двајца членови, потребно е повторување на постапката во целост. Според Законот за спречување и заштита од дискриминација, доколку Собранието не избере членови на Комисијата, мора да се објави нов јавен оглас веднаш, а најдоцна во рок од десет дена.

Со оглед дека двајца членови беа избрани на 29 јануари 2026 година, рокот за распишување нов оглас истекол на 8 февруари 2026 година. До денес, како што наведуваат од Мрежата, таков оглас не е објавен.

„Крајно време е Собранието сериозно да го сфати значењето на Комисијата како чувар на достоинството на граѓаните, што претставува основа за создавање здраво демократско општество“, се вели во реакцијата.

Од Мрежата ги потсетуваат пратениците на нивната законска одговорност, која подразбира утврдување листа на кандидати што ги исполнуваат условите предвидени со закон, присуство и активно учество на седницата за нивно претставување, како и навремено известување на граѓанските организации за датумот и часот на седницата и доставување на потребната документација.

Дополнително, се бара обезбедување транспарентен процес за следење на седницата на Комисијата за избори и именувања, на која ќе се одлучува за предлог-член на Комисијата.

Законот предвидува кандидатите да бидат државјани на Република Северна Македонија, да имаат најмалку 240 ЕКТС кредити или VII/1 степен на образование и минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација. Исто така, не смеат да имаат изречена правосилна казна затвор над шест месеци или забрана за вршење професија, ниту да бидат носители на функција во политичка партија.

Мрежата за заштита од дискриминација најавува дека ќе продолжи внимателно да го следи процесот и изразува очекување за објективен избор на стручно и политички независно лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45726
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во една од собите на запалената

22/09/2026

69-годишна жена загина во пожар што избувнал во куќа во валандовското село Пирава. Пожарот бил пријавен вчера околу 17:55 часот,

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет, тој тврди дека го нападнал

22/09/2026

35-годишен штипјанец со тешки телесни повреди бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а околностите под кои се

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне ноќеска во 2:05 часот по полноќ. Во исто време

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy