
Роднини се удавија во буре со вино во Шпанија
Двајца мажи се удавија во буре вино во винарија каде што работеле во северна Шпанија.
Локалните медиуми јавуваат дека Герадо Хубеира (60) се лизнал и паднал во буре со вино додека ја проверувал ферментацијата во семејната винарија во неделата.
На помош му дошол неговиот зет Феликс Креспо (61), чие семејство е сопственик на винаријата. И двајцата биле удавени, откако претходно беа под дејство од силните испарувања од бурето.
Во блиската болница е хоспитализиран 31-годишен неименуван маж, кој проголтал отровни испарувања.
Локалниот градоначалник рече дека сите ќе се обидеме да му помогнеме на член на нашето семејство во таква ситуација и дека заедницата е шокирана од смртта на две познати лица.