Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РОДИТЕЛ ДОШОЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БЕЛГРАД:  Се заканил дека ќе ги убие вработените
Регион

РОДИТЕЛ ДОШОЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БЕЛГРАД: Се заканил дека ќе ги убие вработените

22/01/2025

AA

Маж влегол во училиште во Белград и се заканувал дека ќе ги убие вработените. 

Tој се претставил како родител на ученик и попладнево влегол во холот на основно училиште во Видиковац, заканувајќи им се на вработените дека ќе ги убие. Потоа,  дошла полициска патрола и го однела, пренесуваат медиумите во соседството. Родителите на учениците од тоа училиште добиле порака на заедничката вибер група од директорката на училиштето.

„Денеска околу 15 часот во училишниот хол влезе маж кој се претстави како родител на наш ученик, но не кажа кој, и се закани дека сите ќе не убие. Училишната полицајка набрзина интервенирала, по што дошла полициска патрола и го однела“, наведува директорката во известувањето до родителите кое било препратено до Н1.

Утре главниот влез во училиштето ќе биде заклучен и отклучен доколку има потреба.

За утре во 18 часот е најавен собир за поддршка на наставниците од училиштето кои ја прекинаа работата, јавува „Данас“. И претходно, српските наставници протестираа со барање да им се зголеми безбедноста, затоа што имаше случаи каде ученици напаѓаа наставници. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
Македонија

ПОСЛЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ: Повторно отворено Средното полициско училиште „7 Мај“,

01/09/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45386
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026

Меѓуградскиот автобуски превоз во Македонија повторно поскапува, што дополнително ќе го оптовари буџетот на граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу градовите

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските ѕвезди

01/09/2026

Светски познатиот тенор Хозе Карерас настапи вечерва во Скопје, на плоштадот Македонија, во срцето на главниот град, по повод одбележувањето на 35 години

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците, огнот се шири кон Серта

01/09/2026

Силниот ветер попладнево го разгоре пожарот во близина на штипското село Селце, ставајќи под директна закана голем број викендици во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy