Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ристовска и Ристова меѓу кандидатите за судија во Стразбур – 21 пријава на конкурсот распишан од МНР
Македонија

Ристовска и Ристова меѓу кандидатите за судија во Стразбур – 21 пријава на конкурсот распишан од МНР

02/05/2025

AA

Обвинителката Ленче Ристовска и судијката на Кривичниот суд, Оља Ристова, се меѓу 21-те кандидати пријавени на конкурсот за нов судија од Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, објави ТВ Телма.

Конкурсот го распиша Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а освен судии и обвинители, аплицирале и познати адвокати. И Ристовска и Ристова го потврдиле учеството во трката за оваа престижна функција, чиј мандат трае девет години.

Од МНР информираат дека селекцијата ќе ја врши меѓуресорска комисија формирана од Владата, која по разгледување и интервјуа ќе изготви рангирана листа и ќе предложи тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа.

„Процесот ќе биде транспарентен и објективен, согласно утврдените критериуми“, велат од МНР.

Сегашниот судија од Северна Македонија во Европскиот суд е Јован Илиевски, кој ја извршува функцијата од 2017 година. Неговиот наследник треба да ја преземе должноста во 2026 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45634
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари – нема повредени

11/09/2026

Голем пожар ноќеска избувна во трговски објект во скопската општина Шуто Оризари, при што изгореа повеќе од дваесет дуќани. Според

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто, дизелите убедливо доминираат

11/09/2026

Македонија во последните години бележи значителен пораст на бројот на автомобили, но и покрај сè поголемата застапеност на хибридните и

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026

Лицето кое беше снимено како фрла отпад во реката Радика е пронајдено и санкционирано, информираат од Општина Дебар. Откако на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy