Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ревизија утврди недоследности во спроведувањето на пописот: Се склучувале договори во четири очи за набавка на опрема, медиумска кампања…
Македонија

Ревизија утврди недоследности во спроведувањето на пописот: Се склучувале договори во четири очи за набавка на опрема, медиумска кампања…

21/06/2023

AA

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година“.

Констатирани се одделни недоследности во врска со набавката на стоки и услуги за потребите на пописот:

  • набавена е софтверската апликација за самопопишување без надомест, без притоа да се уреди дали станува збор за донација или спонзорство,
  • во постапките за јавни набавки, изјавите за непостоење на судир на интереси се потпишани само од оние членови во комисиите за јавни набавки кои учествувале во постапката,
  • склучени се анекси на договорот за набавка на информатичка опрема- лаптопи, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, со кои се менуваат условите и роковите за реализација на договорот,
  • спроведена е постапка за набавка на услуги за медиумска кампања со преговарање без објавување на оглас, без претходно обезбедување на позитивно мислење од страна на Бирото за јавни набавки,
  • набавени се средства за заштита од КОВИД-19 без спроведување на постапка за јавна набавка.

„Укажуваме на потребата од законско уредување на правото на надоместок на членовите на Советот за статистика, односно на допрецизирање на членот во Законот за државната статистика во насока на дефинирање на намените и висината на финансиските средства кои се предвидуваат и исплаќаат на Советот за статистика“, велат од Државна Ревизија.

Од страна на раководното лице на Државниот завод за статистика доставени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор. Забелешките се разгледани и оценето е дека истите во најголем дел преставуваат образложение за причините за констатираните состојби, една делумно се прифаќа и две не се прифаќаат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy